Вести
Во снежното невреме во Јапонија пет жртви, на западот снег по 115 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/japan20snow20stor-1.jpg)
Пет лица ги загубија животите а околу стотина е повредени како последица на големите снежни врнежи кои го зафатија поголемиот дел од Јапонија, особено западниот и јужниот дел од земјата, пренесува во неделата агенцијата Kyodo.
Во западните области на Јапонија во неделата се забележани рекордно ниски температури и обилни врнежи од снег. Првпат од 1901 година на суптропскиот остров Амамо-Осима падна снег. Последен пад снег на овој остров паднал на 12-ти февруари 1901 година.
И јапонскиот југозапад викендов беше погоден од обилни снежни врнежи и студен бран. Во сообраќајни несреќи настрадале околу сто луѓе, а три лица ги загубиле животите. На јужниот остров Кјушу, каде снегот е голема реткост, во градот Нагасаки наврнале 16 сантиметри снег, што претставува рекорд за овој град,а во Кагошима наврнале 10 сантиметри снег.
Во префектурата Ниигата, на западниот брег, на главниот остров Кјушу загинале маж и жена, кои паднале во одводен канал додека го расчистувале снегот.
Воздухопловните власти соопштија дека поради снегот се откажани околу 500 летови за јапонските градови во југозападните префектури. Седум авиокомпании на своите официјални интернет страници во неделата објавија дека се сопрени сите летови за областа Кинки, на островот Сикоку, како и кон Кјушу.
Јавната телевизија NHK, пак, објави дека повеќе од 200 повредени лица се регистрирани во 20 од 47-те префектури, како и дека повеќе од 1.500 домови во шест префектури, вклучително и во градовите Нагасаки и Шимано е без електрична енергија.
Метеоролозите предвидуваат дека снежните врнежи ќе продолжат до понеделникот. Во текот на неделата во југозападните делови на Јапонија се предвидува да се формира снежна покривка со дебелина на места од 30 до 100 сантиметри./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.