Свет
Синот на Миа Фароу тврди дека бил уценуван како и Безос
Откако сопственикот на „Амазон“ и најбогат човек во светот, Џеф Безос, го обвини американскиот таблоид „Нешнел енквајер“ за уцена, исто така се јави и Ронан Фароу, новинар и син на актерката Миа Фароу.
„Јас и барем уште еден истакнат новинар вклучен во приказната за договорите на ‘Нешнел енквајер’ со Трамп, добивме слични пораки од АМИ:’Престанете да копате или ќе те уништиме'”, напиша Фароу на „Твитер“.
I and at least one other prominent journalist involved in breaking stories about the National Enquirer’s arrangement with Trump fielded similar “stop digging or we’ll ruin you” blackmail efforts from AMI. (I did not engage as I don’t cut deals with subjects of ongoing reporting.) https://t.co/kHQdWIkVjV
— Ronan Farrow (@RonanFarrow) February 8, 2019
„Јас не се ангажирав околу ова бидејќи не правам договори со субјекти кои се тема на моите извештаи”, додаде тој.
Од обвинетата компанија „Американ медиа инц“ уште не се изјаснија во врска со овие обвиненија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

