Македонија
Собранието распиша оглас за тројца членови за Граѓанскиот совет за надзор на ОТА

Собранието распиша оглас за тројца членови за Граѓанскиот совет за надзор на ОТА. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против бидејќи, како што велат, се објавува парцијален оглас, само за избор на половина членови.
„На огласот за избор на Граѓанскиот совет за надзор на ОТА не го послушавме гласот на јавноста дека не треба парцијален оглас, избравте 4 и сега распишавте оглас за тројца, на тој начин се става темна дамка, вие како парламентарно мнозинство го обележувате тој совет. Ак0 не е наведено во огласот, сепак треба да се изберат двајца кандидати од малцинствата“, рече Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред две недели беа избрани 4 членови на Граѓанскиот совет – поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска, професорот Гордан Калајџиев, Филип Стојановски и Ице Илиевски. Цаца Николовска ќе претседава со Советот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација
Македонија
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка.
„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, се вели во објавата на Села.
Таравари претходно вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, тој изјави: „Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“ – Арбен Таравари
Алијансата за Албанците на Таравари одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.
Македонија
Христијаните утре го одбележуваат Велики петок, денот кога Исус бил распнат

Утре христијаните ќе го одбележат Велики петок, денот на Христовото страдање, кога Исус беше осуден и распнат на крст, жртвувајќи се за сите луѓе и спасението на светот.
Велики петок е најтажниот ден за Христијаните кога се сеќаваат на настаните што му претходеле на Христовото распнување.
Ден на голема жалост, но и вовед и подготовка за Велигден, кој е најголемиот христијански празник.
Тој ден православните верници строго постат, повеќето денот го поминуваат само со сув леб и вода.
Велики петок е денот кога Римјаните го осудија Исус Христос на смрт, на поттик на еврејските свештеници и фарисеи.
Во знак на тага и жалост, црковните ѕвона не бијат на Велики петок почнувајќи од бдение на Велики четврток. На Велики петок наутро се читаат „Царските часови“.
Боење јајца за Велигден е еден од најстарите христијански обичаи и го симболизира денот кога Марија Магдалена дошла во Рим да го проповеда евангелието. Таа стигнала и до царот Тибериј, на кого му донела на подарок кошница со јајца.
Царот не верувал во Христовото воскресение и рекол дека тоа ќе биде како белите јајца во кошница да ја менуваат бојата. Марија Магдалена рекла: „Христос воскресна и сите јајца во корпата станаа црвени“.
Црвената боја е симбол на радост и воскресение, а првото црвено јајце се чува до следниот Велигден како „чувар“, заштитник на семејството.