Вести
Демонстрации во Карачи поради карикатурите на Мохамед

Најмалку едно лице е повредено кога пакистанската полиција употребила солзавец и водени топови на демонстрациите пред францускиот конзулат Карачи.
Според извештаите на британската агенција Reuters, приближно 200 демонстранти се судриле со полицијата, фрлајќи камења и пукајќи откако полицијата испукала солзавец и употребила водени топови.
Претходно AFP јави дека неколку исламистички организации на Пакистан најавија демонстрации во знак на протест против објавувањето на карикатури од пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник Charlie Hebdo, чии соработници една фракција на талибаните ги нарече „погани богохулници“.
Според француската агенција, се очекува десетици илјади активисти ширум земјата, вклучувајќи ги следбениците на Џамат-уд-Дава, крило на забранетата милитаристичка група Лашкар-е-Талибан-е-Пакистан.
Фракцијата на пакистанските талибани, Џамат-ул-Ахрар издаде соопштение во кое ги слави двајцата браќа напаѓачи Каши, наведувајќи дека ја „ослободиле земјата од постоењето на поганите богохулници“.
„Чувајте се, непријатели на исламот. Секој младинец на Умата (муслиманската заедница) сака да се жртвува за честа на Пророкот“, стои во соопштението.
На најновата карикатура објавена во првиот бој на Charlie Hebdo по масакрот, Мухамед е со солза во окото и носи натпис „И јас сум Шарли“, а над него пишува „Сé е простено“.
Според AFP, покрај протестите на активистите на верските партии, адвокатите во провинциите Пенџаб и Хајбер Пахтунва се заложиле за бојкот на судските процеси за да покажат нивното незадоволство од објавувањето на карикатурите.
Пратениците на националниот парламент вчера изгласаа резолуција за осуда на објавувањето на карикатурите, а ја повикаа и меѓународната заедница да се заложи такви карикатури да не се објавуваат повеќе.
Потоа, десетина пратеници маршираа пред зградата извикувајќи „подготвени сме да умреме за пророкот Мухамед“, јави руската агенција ТАС.
Во Пакистан богохулењето е кривично дело за кое во неколку случаи е изречена смтрна казна, наведува руската агенција, додавајќи дека не се ретки случаите кога пакистанските муслимани се пресметуваат со сонародниците од малцинската христијанска заедница поради бласфемија, како и дека осудените многупати се убиени од другите затвореници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.