Македонија
Директорката на Детска клиника во кампања на ВМРО-ДПМНЕ за вакцинацијата
И актуелната епидемија со морбили се подели по партиска линија. Директорката на Детската клиника, Катерина Ставриќ се вклучи во акцијата на Унијата на жени на Општинскиот комитет на Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ на трибина на тема „вакцини – дилеми и заблуди“. Пред жените од партијата, таа зборуваше за епидемијата со морбили и за вакцинацијата. Фотографиите од дебататата вчера беа објавени на официјалната Фејсбук страна на Унијата на жени од Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.
„УЖ на ОК Ѓорче Петров, вечерва во Домот на култура во Ѓорче Петров ја одржа трибината на тема “Вакцини- дилеми и заблуди”. Први и единствени во земјава, препознавајќи ја потребата од ваква дебата, во време на епидемија со морбили, овозможивме да се расчистат дел од дилемите и заблудите околу вакцините. Трибината ја модерираше Д-р Ленче Нелоска а Проф Д-р Кети Ставриќ беше експертот со кој граѓаните имаа можност да разговараат“, се вели во објавата.
Останува прашањето колку директорите на клиниките треба да се инволвираат во партиски кампањи, со оглед на тоа што вакцинацијата и епидемијата со морбили го засегнуваат целото население, без разлика на партиската припадност, па оттаму се наметнува и прашањето колку ваквите трибини треба да се организираат под превезот на партиските знамиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

