Македонија
(Видео) Славева: Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, министерот Филипче направи хаос во главите на родителите
Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче наместо како што ветуваа дека ќе дојде живот, носат смрт. Револтот на граѓаните од ден на ден расте. Филипче и Заев се однесуваат скандалозно, си поигруваат со здравјето на граѓаните, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Епидемијата со морбили излезе од контрола. Во период на епидемија бројката на заболени расте и сега има повеќе од 200 лица со морбили. На праг е епидемија со грип, а нема никакви мерки. Има околу 1.300 лица заболени со грип. Нема мерки, но има жртви! Почина шестмесечно бебе од морбили, почина петгодишно девојче од грип. Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, не дадовте одговори, а кај родителите направивте хаос во главите. Предизвикавте контра ефект па и најголемите поборници на вакцинирањето сега се сомневаат и имаат дилеми.Штo правите сега со грипот? Ќе преземете ли мерки“ праша Славева.
Таа потсети и дека на Клиниката за стоматологија, како што рече, во 21 век се појави смртоносна бактерија МРСА.
„Нагласивте „нема опасност од зараза“?! Се покажа дека уште еден е заболен. Тоа ли е вистината, министре? Граѓаните не ви веруваат. Сега ветувате дека изградбата на новиот клинички ќе стартува до крај на годината. Навистина? Се е подготвено?! Се што правите укажува на неспособност и аматеризам, лажење на граѓаните“ нагласи Славева.
За краток период, вела таа, се случија, во најмала рака, многу пропусти. Според неа, нема јасни одговори, уште помалку одговорност за толку многу пропусти и трагедии за краток период.
Таа рече дека се работи за скандалозно однесување и побара одговорност да понесе министерот Филипче и неговиот ментор Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеороловија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

