Регион
Србија ќе ги отплаќа долговите на Тито уште 22 години

Граѓаните на Србија ќе ги исплаќаат долговите на Јосип Броз Тито уште 22 години. Последните кредити од 70-ите и 80-ите години на минатиот век доспеваат во 2031 и 2041 година, а вкупната сума е поголема од 1,7 милијарди евра, објави српскиот весник „Блиц“.
Србија најмногу му должи на Парискиот клуб на доверители кај кого пред четири децении републиката се задолжила за 4 милијарди евра. На второ место е Светска банка, односно нејзиниот огранок ИБРД, кој ѝ одобрил заем на Србија од 1,8 милијарди евра, а земјата им должи и на Кина и Кувајт.
Од Народната банка на Србија за „Блиц“ потврдиле дека дел од долговите ќе се отплаќаат уште 22 години. Последната рата за кредитот од Кина земен во 1999 година доспева за две години, а кредитот кој во 1989 година бил земен од Кувајт ќе биде исплаќан уште 15 години.
Министерот за финансии Синиша Мали изјавил дека Србија уредно ги отплаќа кредитите.
Од друга страна, пишува „Блиц“, за разлика од Србите, Хрватите и Словенците ги исплатиле долговите од времето на Тито. Последниот долар Хрватите на Парискиот и Лондонскиот кулб го исплатиле пред 10 години. Од Парискиот клуб бил земен кредит од 192 милиони евра, а од Лондонскиот 78 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.
„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.
Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.
Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.
„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.
Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.
„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.
Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“: