Свет
Најмалку девет загинати и тројца повредени во пожар во хотел во Индија

Пожарот што избувна изутринава во хотелот „Арпит палас” во Њу Делхи однесе најмалку девет животи, пренесува „Соутник“, цитирајќи го директорот на Противпожарната служба во Делхи.
„Девет лица се мртви, меѓу кои има жена и дете, а тројца се повредени”, изјави Г. Ц. Мисра.
Според „Њу Индиан експрес”, пожарот е изгаснат.
Заменик-началникот на Противпожарната служба, Сунил Чудари, изјави дека повредените се хоспитализирани Двајца членови на персоналот на хотелот скокнале од четвртиот кат од хотелот во обид да се спасат, а нивната состојба се уште не е позната“.
Според извештаите во медиумите, причината за пожарот не е утврдена. Локалните власти почнаа истрага за инцидентот.
Наводно, спасени се 35 лица, а сите повредени биле однесени во болница. Еден локален службеник на Противпожарната служба изјави за агенцијата АНИ дека луѓето не можеле да ги користат коридорите за евакуација бидејќи биле затворени со дрвени облоги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Човекот на Трамп: Русија би можела да добие некои украински региони, но не сите пет

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека неговиот неодамнешен разговор за Украина со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург се фокусирал на прашањето за територијата, како и дека Русија ќе може да задржи „некои нови региони, но не сите“ во рамките на спогодбата.
Во интервју за „Волстрит џурнал“ (WSJ), Виткоф рече дека Киев можеби не е толку заинтересиран за региони каде што населението првенствено зборува руски јазик.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател истакна дека „територијалното прашање“ може делумно да се реши.
Путин се сретна со Виткоф на 11 април во зградата на Претседателската библиотека во Санкт Петербург, а разговорите траеја околу четири и пол часа, пренесува Танјуг.
Виткоф претходно изјави дека како дел од преговорите за постигнување мир во Украина, се зборувало за забрана на Украина да се приклучи кон НАТО.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вторникот го обвини Виткоф за злоупотреба на својата позиција поради разговорите за признавање на нови руски региони, а во четвртокот рече дека Виткоф ја усвоил „стратегијата на руската страна“, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Бројот на жртви во несреќата со жичарницата во Италија се зголеми на четири, едно лице е тешко повредено

Бројот на загинати во несреќата што се случи кога кабината на жичарницата на планината Фајто во округот Неапол во италијанскиот регион Кампанија се искачи на четири, а едно лице е тешко повредено.
Претходно беше објавено дека три лица загинале, а операторот на жичарницата е исчезнат. Странски туристи и операторот на жичарницата загинаа, а еден странски турист е тешко повреден и е префрлен со хеликоптер во болница во Неапол, објави АНСА.
Операцијата за пребарување беше отежната од маглата, а во четвртокот во таа област беше на сила жолто предупредување за времето поради временските услови. Отворена е истрага за инцидентот.
Италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини изјави дека целта е да се испитаат сите аспекти на несреќата и брзо да се утврди одговорноста.
Во несреќа на жичарницата Фајто на 15 август 1960 година, загинаа четири лица, а 31 беа повредени. Таа жичарница минатата година превезе 108.000 патници, пренесува Танјуг.
Свет
Рубио: САД повеќе нема да посредуваат во преговорите со Русија и Украина доколку наскоро нема договор

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни сигнали дека може да се постигне мировен договор, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио.
Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште заинтересиран за постигнување договор, но дека е подготвен да се справи со „други светски проблеми“ ако тоа не биде можно.
„Треба да утврдиме дали е можно да се стави крај на војната во Украина, а ако тоа не е можно, претседателот веројатно ќе каже дека е завршено“, рече Рубио на прес-конференција во Париз.
Тој ја оцени вчерашната средба со претставници на Украина, Франција, Велика Британија и Германија како позитивна, пренесува Танјуг.