Црна хроника
Притвор за собирач на отпад од Струмичко кој силувал девојка со пречки во развојот
Основното јавно обвинителство од Струмица поднесе обвинение против 32-годишен собирач на отпад кој силувал девојка со пречки во развојот.
Како што информираат од Обвинителството, мажот го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември минатата година во нејзиниот дом во Струмичко ја нападнал девојката со пречки во развојот и ја силувал.
Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со неа, при што дознал за нејзината состојба и за куќата во која живее. Силувањето го извршил во момент кога девојката била сама во својот дом.
По пријава од родител на жртвата, осомничениот веднаш бил уапсен, а Основното јавно обвинителство Струмица презело дејства за расчистување на настанот.
Против 32-годишникот е поведено обвинение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице.
Обвинителот до Основниот суд Струмица доставил и предлог за продолжување на притворот ценејќи дека се исполнети законските основи за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.