Свет
Каталонските сепаратистички лидери на суд поради неуспешниот обид за прогласување независност
Дванаесет каталонски сепаратистички лидери беа изведени пред судот во Мадрид во вторникот поради неуспешниот обид за прогласување независност што ја предизвика најголемата политичка криза во Шпанија во последниве децении, пренесува „Њу Зиланд хералд“.
Опколени од стотици полицајци, демонстрантите се собраа пред Врховниот суд, каде што обвинетите се соочуваат со обвиненија за бунт, иницирање преврат и злоупотреба на јавни средства.
Адвокатот на двајца од обвинетите рекол дека тие имаат право да бараат независност за својот регион. Политички обоеното судење се очекува да трае најмалку три месеци.
Судењето е без преседан во историјата на современа Шпанија. Карлос Лесмес, претседател на шпанскиот Врховен суд, го оцени како најважниот случај откако земјата ја врати демократијата во 1975 година.
Тоа ќе биде тест за непристрасноста на судството во Шпанија. И, додека се емитува во живо на телевизија и ги преплавува весниците, поттикнувајќи дебати за демократските права и политичката контрола, судењето ќе биде тест за тоа дали владејачката малцинска коалиција во Шпанија може да се одржи .
Предвремени парламентарни избори во Шпанија најверојатно ќе се случат ако каталонските националистички пратеници не го променат својот став и не стават крај на своето противење на буџетот за 2019 година на денешното гласање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД очекуваат илјадници севернокорејски војници да се приклучат во борбите во Украина
Соединетите Американски Држави очекуваат илјадници севернокорејски војници наскоро да се приклучат на борбите во Украина. Ова го изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин кој е во посета на Фиџи.
Според него, околу 10.000 Севернокорејци се во руската област Курск, каде што се интегрирани во руските борбени формации, пренесе АФП.
Остин рече дека засега нема посебни докази дека тие се активно вклучени во борбите. Според јужнокорејските власти, Русија му обезбедила на Пјонгјанг нафта, проектили и економска помош во замена за воено распоредување на комунистичката држава.
Во исто време, украинската армија ги негираше информациите за присуство на севернокорејски војници во регионот на Харков.
Оттаму изјавија дека лицето што ја проширило информацијата не е овластен портпарол на војската во областа и ги повикаа медиумите и луѓето да бараат информации од официјални извори.
Регион
Голем протест на пензионерите во Атина
Во Атина се одржаа големи протестни демонстрации на пензионерите. Сакаат добро здравство и повисоки пензии.
„Сакаме достоинствени пензии“, скандираа пред парламентот стотици грчки пензионери кои на протестот пристигнаа од целата земја. На дел од плакатите беа испишани нивните барања – пристојни пензии, бесплатни лекови и ниски цени, барем за основните потреби.
Демонстрантите за медиумите изјавија дека сакаат и да се отстранат голем дел од пензиските одбитоци и да се плати голем попуст за струја, како и во другите европски земји.
Големиот проблем со кој се соочуваат пензионерите се недостатоците во здравствениот систем – немање доволно специјалисти во државните болници и скапите лекови. И грчките пензионери побараа бесплатни празнични ваучери за сите пензионери.
Пензионерите на протестите скандираа „Стоп за војната во Украина и Газа, не убивајте млади луѓе“.
Голем број млади се приклучија во поддршка на протестот на пензионерите.
Свет
„Ројтерс“: Богатите земји ги зголемуваат трошоците за климатскиот договор на 300 милијарди долари
Европската унија, САД и другите богати земји на самитот за климатски промени COP29 одлучиле да ја зголемат глобалната финансиска цел на 300 милијарди долари годишно до 2035 година, изјавија извори за „Ројтерс“.
Промената доаѓа откако земјите во развој го оценија предлогот за договор од 250 милијарди долари, кој беше изготвен од претседателството на Азербејџан COP29 во петокот, како навредливо низок.
Пет извори запознаени со разговорите зад затворени врати изјавиле дека ЕУ прифатила поголема сума.
Два извори рекоа дека САД, Австралија и Британија исто така се согласиле.
Делегатите на конференцијата на ОН за климатски промени во Баку, Азербејџан, во саботата наутро чекаа нов предлог за глобален договор за финансирање на борбата против климатските промени, а преговорите траеја цела ноќ.
Не е јасно дали земјите во развој се веќе запознаени со ревидираните позиции на богатите земји.
Портпаролот на Европската комисија одби да ги коментира преговорите.
Делегацијата на САД на COP29 не одговори на барањето за коментар.