Забава
Сексуална работничка од Амстердам: И по 15 години, сè уште уживам во секој ден

Го сакам сексот. Сакам да заработувам пари. Пред осум години работев разновидни работи, но ова е единствената што навистина ми се допаѓа“ вели 37-годишната сексуална работничка со име Фокси Ејнџел.
Таа го работи ова цели 15 години, а на нејзиниот прозорец стои цена од 80 евра дневно. Секој ден таа има по пет-шест клиенти, од кои секој плаќа најмалку 50 евра. Кога ќе ѝ заврши смената, со клиентите се гледа и во кафулињата или клубовите, а понекогаш заминува и на локации за групни искуства, раскажува таа за Си-ен-ен.
Нејзината заработка останува само за неа, нема шеф.
„И по 15 години, и натаму уживам во секој ден“, вели таа.
Сепак, одлучила да не работи по 45. година, ќе се посветела на активизам и ќе се бори за правата на сексуалните работници. Таа е членка на холандската унија на сексуални работници позната како „Прауд“. Тврди дека борбата е неопходна бидејќи Амстердам не е либерален кон сексуалните работници како што многумина веруваат.
Сексуалната работа во Амстердам во одреден облик е легална од 1830 година, а како легална професија постои од 1988 година. Законот во 2000 година ја стави оваа активност под надлежност на Општината, па се бара дозвола за работа и почитување одредени правила што ги одредува Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нивната искреност ќе ве остави без зборови: трите најчесни хороскопски знаци

Искреноста е една од оние квалитети што не може да се одглуми. Некои луѓе едноставно имаат силен внатрешен компас што ги води низ животот, без оглед на околностите или притисоците.
Според астрологијата, постојат хороскопски знаци во кои почесто се раѓаат луѓе кои се држат до вистината, правдата и сопствените вредности, дури и кога тоа не е најлесниот пат за нив.
Таквите луѓе не толерираат неправда, не изневеруваат и не манипулираат – едноставно затоа што тоа не е во нивната природа. Со нив, знаете каде се наоѓате, и тоа е она што ги прави посебни.
Стрелец
Стрелецот е брутално искрен, понекогаш до тој степен што нивната директност може да биде збунувачка. Тие не знаат како да „глумат“, не сакаат игри и не можат да поднесат двосмисленост. Нивната искрена природа произлегува од внатрешната потреба да бидат автентични и верни на себе.
Дури и ако лажењето би им било од корист, тие би ја избрале вистината и би ги прифатиле последиците. Тие веруваат во слободата, но и во моралот – и оваа комбинација ги прави едни од најчесните знаци.
Вага
Вагата се стреми кон рамнотежа, но пред сè – кон правда. Нивната потреба да ги усреќат сите страни не произлегува од слабост, туку од длабоко чувство за фер игра. Искреноста за нив не е само доблест, туку и принцип според кој градат односи и донесуваат одлуки.
Тие тешко се справуваат со лаги, манипулации и дволичност, и често се мачат кога ќе почувствуваат дека некој не игра фер. Лесно е да се чувствувате безбедно во нивно друштво бидејќи знаат како да се стават во туѓа кожа и секогаш бараат решенија што се соодветни за сите вклучени.
Бик
Биковите се познати по својата лојалност и доследност, но малку се зборува за тоа колку се искрени. Тие немаат скриени агенди – она што го кажуваат, го мислат.
Нивниот збор има тежина, а нивните ветувања не се празни фрази. Нивната искреност доаѓа од чувство на стабилност и морално убедување дека е подобро да се спие мирно отколку да се живее во лага. Можеби не се гласни, но се сигурни – и ретко ќе најдете Бик кој намерно ќе ве измами.
Забава
(Фото) „Очајната домаќинка“ блеска на 60 години: го покажа своето лице без ботокс

Прославената актерка Тери Хачер, која публиката ја засака во серијата „Очајни домаќинки“ како Сузан Мејер, ги воодушеви сите со својот изглед.
Актерката неодамна имаше спектакуларен настап на Канскиот филмски фестивал.
Тери покажа дека ништо не може да го замени гламурот и елеганцијата и дека не мора секогаш да бидете провокативни за да привлечете внимание.
За шоуто Ernsting’s Family во Хамбург, таа избра темно сино одело со едвај видливи цветни мотиви. Комплетот се состоеше од долго сако и панталони кои визуелно ја издолжуваа нејзината фигура.
Под сакото носеше едноставна блуза во истата нијанса, а ја комбинираше со црни чевли.
Нејзината препознатлива насмевка беше присутна цело време додека Тери трпеливо позираше за насобраните фотографи.
Иако многумина претходно шпекулираа дека таа направила некаков вид козметичка корекција, Тери објави фотографија од себе без ниту грам шминка пред повеќе од десет години и истакна дека тоа е нејзиното лице без филери или ботокс, и дека го обожава со сите негови несовршености.
И сега беше јасно дека Тери ја цени својата природна убавина и ги прифаќа годините со сите нејзини доблести и недостатоци, и едно е сигурно, таа изгледа одлично.
Забава
(Фото) Актерот Џејсон Сигел се вери

Актерот Џејсон Сегал се вери со својата долгогодишна девојка Кајла Радомски.
Ѕвездата од „Како ја запознав твојата мајка“ и поранешната учесничка во шоуто So You Think You Can Dance се верија во бајковитата атмосфера на книжарата Хантингтон во Пасадена.
Кајла објави пет фотографии од запросувањето на Инстаграм, покрај кои напиша „Засекогаш ДА“, со емотикон со дијамант и срце. Подоцна додаде на Инстаграм стори дека тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.
Фотографиите го прикажуваат Џејсон, 45, како клекнува пред статуа во градината, опкружен со розови и црвени цвеќиња, чии ливчиња ја покриваат земјата под нив. Кајла, 34, изгледаше шокирана и воодушевена додека гледаше во прстенот на прстот.