Свет
(Видео) Позната новинарка и личност на годината на „Тајм“ уапсена на Филипините поради клевета
Марија Реса, позната филипинска новинарка и гласна критичарка на претседателот на земјата, е уапсена денеска поради обвиненија за клевета кои ги поднеле против новинската агенција „Раплер“, која е под нејзина надлежност, објави Си-ен-ен.
Rappler CEO Maria Ressa talks to members of the the party serving an arrest warrant against her. #DefendPressFreedom || via @sofiatomacruzpic.twitter.com/ACZ4a5ghlY
— Rappler (@rapplerdotcom) February 13, 2019
Според информациите на „Раплер“ обвинувањата се поврзани со текст објавен во 2012 година, а поради кој минатата недела против новинарката било поднесено обвинение.
Реса, извршна директорка на „Раплер“ и личност на годината според традиционалниот избор на весникот „Тајм“ за 2018 година, повеќепати е обвинета за клевета и затајување данок, што многумина го опишаа како политички мотивиран обид за замолкнување на независните медиуми во земјите од југоисточна Азија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бомбаши самоубијци нападнаа седиште на пакистанската војска
Вооружени напаѓачи денес го нападнаа седиштето на пакистанска воена единица во северозападниот град Пешавар, соопшти полицијата.
Двајца бомбаши самоубијци го нападнаа седиштето на една од вооружените сили на Пакистан, која официјално дејствува заедно со редовната армија и полиција, изјавија извори за Ројтерс, додавајќи дека три лица се убиени.
„Првиот бомбаш самоубиец прво го изврши нападот на главниот влез на станицата, а потоа вториот влезе во комплексот“, изјави неименуван висок функционер за Ројтерс.
„Војските и полициските службеници ја опколија областа и внимателно ја справуваат ситуацијата бидејќи се сомневаме дека некои терористи сè уште се во седиштето“, додаде функционерот.
Седиштето на вооружените сили се наоѓа во густо населена област, во близина на касарната.
„Патот е затворен за сообраќај и е опкружен со армиски, полициски и безбедносни лица“, изјави за Ројтерс Сафдар Кан, жител на областа.
Голем број вооружени единици дејствуваат под надлежност на Министерството за внатрешни работи во Пакистан, кои официјално се нарекуваат федерални паравоени единици, бидејќи не се дел од редовната армија. Некои од нив датираат од колонијалната ера.
Пешавар е дом на федерална паравоена единица која ја следи границата со Авганистан и учествува во воени и полициски операции.
фото: принтскрин
Свет
Трамп вели дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД.
-„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“.
Тој ја даде изјавата додека високи функционери од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина во Женева.
-Војната меѓу Русија и Украина е насилна и ужасна војна која, со силно и вистинско американско и украинско лидерство, никогаш немаше да се случи. Започна долго пред да го земам мојот втор мандат, за време на администрацијата на заспаниот Џо Бајден, и само се влоши, рече Трамп.
„Доколку претседателските избори во 2020 година не беа наместени и украдени, немаше да има војна меѓу Украина и Русија…Наследив војна што никогаш не требаше да се случи, војна што е губитничка за сите, особено за милионите луѓе што толку непотребно загинаа, заклучи Трамп.
Свет
Зеленски: Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за Украина
Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски.
„Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева.
-Работата продолжува за постигнување на главната цел што ја очекува нашиот народ: да се стави крај на крвопролевањето и војната, додаде тој.
Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските власти не изразиле никаква благодарност за напорите на САД по ова прашање, а Европа продолжува да купува нафта од Русија.

