Свет
Продуцент на Би-би-си тврди дека снимките од хемискиот напад во Дума се наместени
Ријам Далати, продуцент на „Би-би-си Сирија“, тврди дека снимката со лица што се лекуваат по наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума се наместени, пренесува „Спутник“. Далати во средата напиша на „Твитер“ дека инцидентот бил испитуван шест месеци.
Тој вели дека во болницата немало жртви што починале додавајќи дека нападот во Дума се случил, но дека во него не бил користен сарин. Сепак, Далати истакнуваа дека Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) ќе испитува дали во нападот бил користен хлор.
„Сè друго во врска со нападот беше фабрикувано“, вели Далати.
Групата „Бели шлемови“ објави видеоснимка по пријавениот напад во Дума на почетокот од април 2018 година. Видеото прикажуваше како локалните жители, и возрасни и деца, се лекуваат во болницата по наводниот напад со сарин.
По извештаите за нападот и објавувањето на снимките од „Белите шлемови“, следуваа ракетни напади од Франција, Обединетото Кралство и од САД врз наводните производствени капацитети за хемиско оружје во Дамаск. Западните држави постојано ги обвиниуваа сириските власти дека го извршиле нападот во Дума, а Дамаск негира каква било вмешаност во инцидентот.
Руското МНР соопшти дека тврдењата за наводната употреба на токсични хемикалии од страна на сириската влада биле искористени како оправдување за надворешната воена акција. Покрај тоа, пред инцидентот во Дума руските вооружени сили предупредија на провокација со користење хемиско оружје во сирискиот град од страна на милитантите.
Имено, во април РТ објави дека Далати веќе го изразил својот скептицизам во врска со видеоснимката од болницата во Дума во пост на „Твитер“, но потоа го избришал својот твит наведувајќи го како причина прекршувањето на уредувачката политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Свет
Слаб одѕив на светските лидери за климатскиот самит во Бразил, САД без претставник
На климатскиот самит што следната недела ќе се одржи во бразилскиот град Белем, досега учество потврдиле 57 шефови на држави и влади, што е значително помал број во споредба со минатогодишниот COP29 во Азербејџан, на кој присуствуваа 75 лидери, јави Хина.
САД нема да испратат претставници поради повлекувањето од Парискиот договор, додека Кина ќе ја претставува потпретседателот Динг Сјуејсианг. Присуство потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, како и лидерите на Колумбија и Либерија.
Самитот, кој ќе се одржи на 6 и 7 ноември, е подготвителен настан пред конференцијата COP30 (10–21 ноември). Бразилскиот претседател Лула да Силва инсистираше конференцијата да се одржи во Амазонија, симболично нагласувајќи ја нејзината улога во борбата против климатските промени.
Организаторите наведуваат дека ограничениот хотелски капацитет и високите трошоци во Белем создаваат логистички предизвик за очекуваните 50.000 учесници.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

