Македонија
Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и министерот за иновации и претприемништво на Косово, Бесим Бечај, се сретнаа, при што разговараа за идните заеднички активности од областа на развојот на информатичкото општество, иновациите и претприемништвото.
„Темите за коишто разговаравме се унапредување на нашата регионална соработка пред сè во делот на конкретните аспекти коишто ќе влијаат на животот на граѓаните. Она што сите го знаете е дека имаме сериозен напредок и конкретен план за укинување на цените за роаминг помеѓу граѓаните од земјите на Западен Балкан, но и кон Европската Унија заклучно со 2021 година. Вториот проект за којшто разговаравме е нашиот предлог во Скопје да се формира регионален центар за обуки за сајбер-безбедност за сите вработени во јавните институции од земји од Западен Балкан, за што имаме целосна поддршка од нашите пријатели од Косово“, информираше министерот Манчевски.
Како што истакна тој МИОА ја прифаќа иницијатива на министерот Бечај за формирање регионален облак (cloude) за земјите Северна Македонија, Косово и Албанија каде што ќе може да се врши истражување и развој и еден вид соработка меѓу научнотехнолошките центри и паркови на регионално ниво.
Министерот Бечај информираше за последната средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество, Марија Габриел, каде што се разговарало за отворените европски фондови кои регионално Северна Македонија и Косово можат да ги искористат.
„Со комесарката Габриел разговаравме за дигиталните вештини, за облакот за регионални истражувања и развој, како и за многу други области од нашиот интерес, се стремиме кон добивање европски фондови и се надевам дека во таа насока ќе можеме да оствариме понатамошна соработка со министерот на Р Македонија. Исто така, сакам уште еднаш да изразам поддршка за проектите коишто се во план, вклучително и за регионалниот центар за сајбер-безбедност“, рече министерот Бечај.
На работниот состанок се зборуваше и за можната соработка во полето на развој на паметни градови. Двете држави можат заедно да формираат добар пазар за развој на дигитални вештини, подигнување на компетитивноста и искористување на човечките ресурси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

