Контакт

Свет

Шпанскиот премиер распиша предвремени избори

Објавено пред

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, распиша предвремени избори, кои ќе се одржат на 28 април. Веста за прогласувањето на изборите ја потврдила министерката во Владата, Марија Хесус Монтеро, пренесуваат шпанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Монтеро во средата во парламентот го бранеше предложениот буџет за оваа година, но безуспешно. Буџетот предложен од социјалистичката влада беше одбиен.

Малцинската влада на Санчез, која има 84 од 350 пратеници, неофицијално соопшти во понеделникот дека ако падне нејзиниот буџет, премиерот ќе распише предвремени избори на 14 или 28 април.

Буџетот го одбија каталонските партии ЕРЦ и ПДеКАТ, кои поддршката ја условија со дијалог со владата за самоопределување на Каталонија и престанување на репресијата против каталонските функционери обвинети за бунт против Шпанија. Малите партии во јуни гласаа во корист на Санчез за време на гласањето недоверба на тогашната конзервативна влада, со што тој како лидер на опозицијата стана премиер на чело на малцинска влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Објавено пред

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да се самоубие фрлајќи се. Тој починал, а двете деца се во животна опасност.

dobivaj vesti na viber

Според првичните сознанија на истрагата, трагедијата се случила по расправија со нејзиниот партнер, околу 20 часот и 30 минути.

Полицијата постави безбедносен кордон на местото на настанот.

– Шокантно е, многумина од нас се шокирани – коментира жителка која се претставила како станарка на десеткатницата во која живее семејството.

Во подножјето на зградата бил поставен бел шатор и таму е преместено телото завиткано во бела церада, според новинарот на АФП.

Двајца сведоци истакнаа дека две деца паднале на тревникот. Според еден од нив, во моментот на трагедијата таму си играле деца.

– Слушнавме звуци, врисоци. Во еден момент гледаш дека некој лежи на земја, на асфалт, дете на земја, друго таму. Надреално е – изјави за АФП Софи, ресторан кој живее во блиската зграда.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран во 4 часот и 26 минути во близина на Риека, на длабочина од еден километар.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ напишаа дека го почувствувале земјотресот, додека некои се разбудиле од сон.

„Ме разбуди силна вибрација и татнеж“, „Кратok и силeн тресок ме разбуди од сон. Ламинатите и мебелот чкрипат“, „Како да пукна бомба!“, „Добро се затресе“, Ме разбуди и ме исплаши!“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Објавено пред

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј, а локалните медиуми јавуваат дека австралиската полиција го истражува случајот како убиство.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи биле повикани на имотот во Лалор Парк, населба на околу 35 километри западно од центарот на Сиднеј, околу 1 часот по полноќ по локално време, соопшти полицијата, цитирана од Ројтерс.

На две момчиња, на возраст од две и четири години, им била укажана помош на местото на настанот, но починале набргу откако биле примени во болница.

По гаснењето на пожарот пронајдено е безживотно тело на десетмесечно девојче, соопшти полицијата.

Уште четири деца на возраст од шест до 11 години се во стабилна состојба во болница, како и нивната мајка, која се лекува од вдишување на поголема количина отровен чад.

Таткото, кој ги попречувал напорите на полицијата да влезе во имотот, бил уапсен и однесен во болница под полициски надзор.

„Детективите за убиства ја презедоа истрагата за овој случај, кој се третира како семејно убиство. Во моментов, се чини дека 28-годишен маж е одговорен за повеќекратни убиства“, рече портпаролот на полицијата Дени Доерти.

Од полицијата додаваат дека таткото намерно ја спречил полицијата да влезе во куќата и да им помогне на децата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион38 минути

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет56 минути

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет1 час

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...

Свет1 час

(Видео) Ветришта од 250 километри на час, бранови високи 10 метри: сателитска снимка од катастрофалниот ураган кој пустоши по Карибите

Ураганот беше ураган од 4-та категорија со ветрови од 230 км/ч и уриваше и уништуваше се што му се наоѓаше...

Свет1 час

(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна...

Економија14 часа

(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов

Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани...

Македонија16 часа

(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и...

Македонија18 часа

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Антикорупциската комисија попладнево информира дека будно ги следи директорските смени што во изминатите две недели ги прави новата власт. „Државната...

Економија18 часа

(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги....

Македонија19 часа

Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40

Се враќа многу топлото време во Македонија. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14...

Македонија21 час

Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за...

Свет23 часа

Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој...

Регион24 часа

Истражување: 30 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето,...

Свет1 ден

(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина

Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800...

Македонија1 ден

СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата

„Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада....

Регион1 ден

Фицо за првпат се појави во јавноста откако беше ранет

Словачкиот премиер Роберт Фицо се појави во јавноста за првпат откако беше ранет во мај годинава. Фицо, кој се опоравува...

Свет1 ден

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција

Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во...

Македонија1 ден

Левица: 40 проценти од тие што дипломирале, ја напуштиле државата

Македонија се соочува со значителен одлив на високообразовани кадри, што годишно изнесува околу 2500 лица. Според последниот ревизорски извештај на...