Регион
Ученик со солна киселина сакал да си ги отруе другарчињата

Петнаесетогодишно момче сакало да си ги отруе другарчињата со солна кисела. Овој бизарен случај е пријавен во Црна Гора.
Средношколецот Л.М. од Рожае, од сега непознати причини, се обидел со солна киселина да отруе двајца соученици. Како што пишува „Победа“ од Подгорица, тој на двајца ученици од своето одделение им дал шишиња со сок во кои претходно сипал солна киселина.
Тие уште на првата голтка почувствувале непријатен вкус и ја исфрлиле течноста од устата.
Весникот наведува дека уште двајца ученици ја пробале течноста мислејќи дека нивните другари се шегуваат, но, за среќа, и тие ја почувствувале непријатната миризба и не ја голтнале течноста.
Учениците веднаш биле пренесени во болница, каде што е утврдено дека нема опасност за нивното здравје. Малолетникот во присуство на своите родители, социјалните работници и училишниот педагог бил сослушан во полиција.
Како што велат од полицијата, за време на сослушувањето тој потиштен и молчалив и не знаел како да ги објасни мотивите на своето однесување. Обвинителството почна истрага за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.