Регион
Tрамп му испрати писмо на Тачи: Косово и Србија да ги нормализираат односите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати писмо до косовскиот претседател, Хашим Тачи, во кое му ја честита на народот на Косово годишнината од независноста.
Тој ги охрабри косовските граѓани да се сосредочат на зачувувањето на демократските принципи, зајакнувањето на владеењето на законите и унапредувањето на економските и трговските можности.
„Нашите силни билатерални односи се вкоренети во заедничката визија за стабилно, сигурно и благословено Косово и Западен Балкан. Она што е најважно, Косово и Србија треба да ги нормализираат односите, бидејќи тоа е важно за западната интеграција на Косово. Ние обостраното признавање го гледаме како основа за нормализацијата на односите и како основа за секое сопфатно решение“, вели Трамп.
Во писмото, американскиот претседател додава дека САД остануваат партнер со секој кој ги дели овие вредности и е подготвен да направи тешка задача, неопходна за сегашниот и идниот успех на Косово.
Трамп упати и писмо со српскиот претседател, Александар Вучиќ, по повод Денот на државноста на Србија.
„Двете страни треба да постигнат договор што ќе можат да го поддржат. Сметаме дека заемното признавање треба да биде централен елемент за трајна нормализација на односите. Таквиот историски договор, со заемно признавање во својата суштина, би го изградил патот за целите на евроинтеграцијата на Србија и економскиот раст“, наведе Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.