Регион
Нова демократија: Изјавите на Рама се закана за безбедноста
Функционерот од грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, регираше на тврдењата на албанскиот премиер, Ед Рама, дека Атина и Тирана се во преговори за потенцијални корекции на границите, истакнувајќи дека таквите тврдења се закана за безбедноста, пренесе АНА-МПА.
„Тврдењата на Рама за тоа дека преговара за границите со Грција, што е всушност дел од проектот за корекција на границите на Западен Балкан, претставуваат сериозна закана за стабилноста и безбедноста на регионот“, вели Кумуцакос.
Тој побара од грчката влада да појасни и да одговори дали е вклучена во разговори со албанските функционери за прекројување на границите помеѓу двете земји.
Истовремено, тој ја повика владата да заземе официјален став по повод изјавата за Рама во врска со корекцијата на границите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.