Македонија
„Специјал“: Oдговорно стоиме позади квалитетот на принцес крофните
Фирмата „Специјал Продукт“ во насока на веродостојно информирање на јавноста, а со цел, како што велат од таму, да се спречат шпекулаците и дилемите кои се појавија во некои од порталите, испрати демант во однос на текстот објавен под наслов „Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“.
„Во однос на објавата во медиумите, во врска со десертот принцес крофна кој беше доставен во ОУ. Димитар Миладинов на 15.02.2019 би сакале да Ве известиме дека одговорно стоиме позади квалитетот на истиот бидејќи производот е произведен на 14.02.2019 со рок на траење до 16.02.2019 година. Наменет за конзумирање на 15.02.2019“, велат од „Специјал Продукт“ и додаваат дека веднаш по забелешката за квалитетот на производот, бил известен нивниот оддел за контрола на квалитет.
„Беше констатирано дека производот е во рок на траење со добар квалитет и структура. Од испорачаната шаржа во нашиот оддел за контрола на квалитет има сочувано примерок кој сугерира и аргументира исправен производ“, истакнуваат од поризводителот.
Од таму додаваат и дека дополнително била извршена следливост согласно HACCP и ISO протоколите и воедно не бил констатиран техничко-технолошки пропуст или неусогласеност на производот.
Воедно од „Специјал Продукт“ напоменуваат дека како компанија успешно функционираат на пазарот веќе 30 години, а досега ниту еднаш не бил регистриран случај на труење или било каква друга штетна последица по здравјето на потрошувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

