Свет
Берлин ќе ја прекине екстрадицијата на германски државјани во Британија по брегзит
Германија ќе ја прекине екстрадицијата на своите граѓани во Британија веднаш по повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија дури и ако се постигнат релевантни договори меѓу Обединетото Кралство и Унијата, објави „Фајненшал тајмс”, наведувајќи го како извор официјалното известување испратено од Берлин до Брисел.
Според известувањето, германскиот устав ја ограничува екстрадицијата на граѓаните на земјата, а единствениот можен исклучок е кога другите земји членки на ЕУ ќе побараат екстрадиција преку Европскиот налог за апсење или преку меѓународниот суд.
По брегзит, Германија ќе ги отфрли сите барања на Велика Британија за апсење германски државјани дури и за време на транзицискиот период, кој ќе се обезбеди ако се постигне договор помеѓу Лондон и Брисел.
Одлуката на Германија беше презентирана пред Европската комисија минатата недела.
Од 2010 година Лондон поднел речиси 1.800 барања за екстрадиција преку европска потерница, вклучувајќи и 15 барања за екстрадиција на германски државјани, кои биле барани во врска со кривични дела како сексуална злоупотреба на деца, перење пари, измама и трговија со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

