Црна хроника
Казнети триесетина пијани возачи во Битола
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/pijani-vozaci.jpg)
Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола минатиот викенд извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол на 1.424 возачи и возила.
При контролата, кај 31 возач откриено е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Исто така, 36 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 40 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност. Кај пет возила е утврдена техничка неисправност, а на 23 возила утврдено е дека се нерегистрирани. При контролата, 10 возачи биле писмено опоменати, а на 145 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 90 прекршочни налози. Изминатиот викенд биле откриени и други 78 видови останати прекршоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Приведен тетовец, крадел предмети од зграда во изградба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/kradec-34964.jpg)
Вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети.
Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанка претепана пред угостителски објект во Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Утрово во 06.30 часот во СВР Скопје, К.Ц.(29) од Скопје пријавила дека во 04.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Дебар се обидел да прегази полицаjци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/tupanici-za-policaec.jpg)
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ј.(36) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Toj на 01.02.2025 во атарот на с.Праленик, општина Центар Жупа, со патничко возило „опел“, кое го управувал, се обидел да удри полициски службеници кои преземале службени дејствија.