Црна хроника
Викендов во Скопје деветмина повредени во 21 сообраќајна несреќа
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна несреќа од кои од три сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, четири сообраќајни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 178 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 46 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 35 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 13 возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 43 возила бидејќи 40 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на крстосница, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 18 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 264 мандатни платни налози и 175 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.