Македонија
Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не ми даде никаква команда за делување, рече Митко Пешов, поранешен началник на одделот за специјални полициски сили, обвинет за насилниот упад во македонскиот парламент.
„Никогаш немам влезено во штаб на политичка партија. Никогаш не сум имал поттик да се впуштам во нешто незаконско, никому не должам ништо. Од секогаш сум ги почитувал наредбите. Ниту во еден момент на 27 април не добив законска наредба“, рече Пешов.
Пешов е обвинет дека на критичниот ден, 27 април, не ги извршил дадените команди од страна на Нухиу за дејствување на полициските сили со што дозволил насилен упад во Собранието каде што физички беа нападнати пратеници и новинари.
Во воведните зборови на стартот од судскиот процес Пешов истакна дека ги извршил сите наредби од надлежните старешини и дека откако бил повикан за 1 час, дошол во оперативниот штаб во МВР од својот дом во Кавадарци. Во тек се завршните зборови на обвинетите за крвавиот четврток.
Судскиот процес почна со 33 обвинети, но по донесувањето на Законот за амнестија, амнестирани беа 15 обвинети меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов. Амнестија добија и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.