Македонија
Поддршка за консензуален претседателски кандидат Заев бара од Гаши и Тачи
Пред средбата со коалицискиот партнер Али Ахмети, премиерот Заев најави дека денеска планира да се сретне и со претставници на другите партии за да разговара за заеднички претседатеслки кандидат. Тоа, како што рече, било дел од идејата „едно општество за сите“ и во таа насока ќе се обиде да се договори и со Села и Касами.
„Денеска продолжуваме со средбите со политичките партии на нашите коалициски партнери од албанскиот блок. Прво ќе има средба со ДУИ, а потоа продолжуваме со Беса на Африм Гаши, како и со Мендух Тачи. Ќе направам напори и сакам да се видам и со Зијадин Села од Алијанса на Албанците и Беса на Билал Касами за да можеме да поразговараме и да видиме дали можеме сите да застанеме зад заеднички кандидат кој е прифатлив за сите граѓани од секаква политичка, етничка и социјална припадност. Верувам дека тоа е изводливо. Ако го направиме тоа, уште еднаш го потврдуваме ‘едно општество за сите’ и праќаме сериозна порака за охрабрување кон граѓаните за нашата одговорност да се надминеме себеси и да застанеме зад личност за која однапред веруваме дека ќе биде одличен претседател на Република Северна Македонија“, изјави Заев.
Заев додаде дека поддршка за консензуален кандидат за претседател добил на вчерашниот состанок со другите коалициските партнери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

