Контакт

Свет

Јапонскиот премиер не негира дека го номинирал Трамп за Нобеловата награда за мир

Објавено пред

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, одби да ги негира извештаите дека го номинирал американскиот претседател, Доналд Трамп, за Нобеловата награда за мир откако Белата куќа „неформално“ го побарала тоа од него, што поттикна исмевање на интернет, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Весникот Асахи во неделата објави дека администрацијата на Трамп го замолила Абе да го номинира Трамп за неговата улога во овозможување на разговорите и намалување на тензиите со Северна Кореја.

„Не велам дека тоа не е факт”, рече Абе во понеделникот, одбивајќи целосно да го потврди или негира извештајот.

Тој рече дека сака да се воздржи од коментирање повикувајќи се на фактот дека Нобеловиот комитет не ги открива номинаторите.

Меѓутоа, тоа не го спречи Трамп да се разбрбори пред новинарите во Белата куќа во петокот откривајќи дека Абе му ја дал „најубавата копијаод писмото што го испратил до луѓето што го даваат она нешто што се вика Нобелова награда”.

На истата прес-конференција Трамп тврдеше дека поранешниот претседател Барак Обама му рекол оти размислува да почне голема војна со Северна Кореја и се пожали дека Обама ја добил престижната награда откако бил на власт околу 15 секунди” и дека не направил ништо за да ја заслужи.

Тој, исто така, рече дека иако ја заслужува наградата, веројатно никогаш нема да ја добие.

Сепак, американскиот претседател не спомна дека неговата администрација, очигледно, побарала номинација од Абе. Според Асахи, Белата куќа се обидувала да ја добие номинацијата по самитот на Трамп минатото лето со севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, во Сингапур.

Тогаш се појави и веста дека можеби немало потреба Абе да го номинира Трамп бидејќи тој веќе бил номиниран од двајца норвешки законодавци за позитивните случувања на Корејскиот Полуостров”.

Свет

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Објавено пред

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.

Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.

dobivaj vesti na viber

На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.

Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.

Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет14 минути

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет16 минути

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет32 минути

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија11 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија12 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија13 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет16 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија17 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија19 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија20 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија20 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија21 час

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија22 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија23 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија23 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија23 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет24 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет24 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет1 ден

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...