Свет
Самитот „Вишеград 4“ прекинат поради израелските „расистички” коментари
Историските тензии повторно се зголемија откако Полска се повлече од разговорите во Ерусалим по „расистичките” коментари од новиот израелски шеф на дипломатија кој ги „вовлече“ Полјаците во антисемитизмот и холокаустот, што резултираше со откажување на самитот „Вишеград 4“, пренесува РТ.
Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, во понеделникот му постави ултиматум на Израел велејќи Полска ќе се повлече од разговорите на В4 што требаше да се одржат денес во Ерусалим ако Тел Авив не се извини за коментарите.
Кусо потоа чешкиот премиер, Андреј Бабиш, објави дека самитот нема да се одржи без учество на Полска и дека ќе биде заменет со билатерални разговори меѓу другите земји.
Привремениот министер за надворешни работи на Израел, Израел Кац, ги изрече контроверзните коментари во неделата по неговото назначување на позицијата. Во разговор со израелски „i24“, тој ги повтори претходните тврдења на Нетанјаху за соработката на Полска со нацистичка Германија, па дури и ги зајакна со цитат од поранешниот израелски премиер Јицак Шамир дека „секој Полјак го цица антисемитизмот со мајчиното млеко”, додавајќи дека „никој нема да ни каже како да го изразиме нашиот став и како да ги почитуваме мртвите”.
Моравјецки ги нарече коментарите расистички и неприфатливи, поставувајќи го својот ултиматум со ветување дека нема да остане должен за навредата. Како одговор на навредливата изјава, израелскиот амбасадор во Варшава, Ана Азари, вторпат неделава беше повикана од полското Министерство за надворешни работи.
Овие настани се најновиот развој во тековните тензии меѓу Израел и Полска. Односите страдаат откако Полска го усвои контроверзниот Закон за холокаустот минатата година, со кој се забранува вмешување на полската влада во историските злосторства на нацистичкиот режим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

