Црна хроника
ОЈО: Истрага против лице кое ја претепало сопствената мајка
По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, спроведена е истражна постапка против едно лице кое ја претепало сопствената мајка.
„Осомничениот на 17.02.2019 година во семејниот дом во с. Визбегово, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неговата мајка, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа, тој со двете раце ја давел оштетената, ја турнал на земјата и продолжил да ја удира со што ѝ нанел телесни повреди“, се наведува во соопштението на обвинителство.
Поради опасност осомничениот да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.