Македонија
Запленети повеќе од 150 гуми во Бардовци

Комуналните служби на општина Карпош запленија нова количина отпадни гуми на потегот околу Бардовци. Запленети се повеќе од 150 гуми кои, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.
Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број домаќинства сè уште се греат на материјали што не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.
Општина Карпош повторно апелира до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер-клими во Град Скопје.
Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори. се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути, на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.
Македонија
Дел од општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, општина Карпош, односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата Козле 132, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од улицата Козле, дел од улиците Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка. Со намален притисок на водоснабдување ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.