Македонија
Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне
Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување, на социјалните мрежи вели „Се надевам дека дел од јавноста ќе здивне и ќе почувствува задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег што е штетен за него“.
„Во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме цел на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување, како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување, во смисла на прекршување на каква било процедура за вработување, сепак, чувствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почувствува мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек во државава да повлече потег кој е штетен за него, покажувајќи интегритет и дигнитет“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски од НСДП.
Антикорупциската комисија минатата недела ги објави случаите кои ќе бидат отворени за вработувањата на децата и роднините на актуелни функционери во државниот сектор, а премиерот Зоран Заев најави дека веќе дел од нив му потврдиле оти нивните блиски ќе се откажат од работните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

