Свет
„Гугл“ призна дека „заборавил“ да им каже на корисниците за својот скриен шпионски микрофон
Технолошки гигант „Гугл“ се извини затоа што „заборавил“ да им каже на корисниците дека инсталирал скриен микрофон во својот домашен безбедносен систем „Нест секјур“, пренесува РТ.
Системот „Нест секјур“ на „Гугл“ им овозможува на корисниците да поврзат десетици детектори за движење, магнетни аларми за врата и безбедносни камери во една централизирана контролна единица. Единицата го следи домот на корисникот, испраќајќи предупредувања ако нешто не е во ред. Во нејзините првични технички спецификации не се споменува ништо за можните шпионски уреди скриени во него.
„Гугл“ предизвика вознемиреност кога претходно овој месец објави дека сопствениците може да го користат нивниот „Нест секјур“ за да му постават прашања на „Гугл асистент“ од типот „како да го активирам мојот аларм”, „дали денес треба да носам чадор?” или „дали го шпионирате секое мое движење? “
Дури и по објавувањето на интеграцијата на „Гугл асистент“, компанијата не го спомна скриениот микрофон. Но по негодувањето од сомничавите корисници и застапници за заштита на приватноста, „Гугл“ призна дека во „Нест секјур“ има вграден микрофон, нагласувајќи дека тоа не е некоја голема работа.
„Никогаш не беше во план микрофонот во уредот да биде тајна и требаше да биде наведен во техничките спецификации. Тоа е наша грешка. Микрофонот никогаш не беше вклучен и се активира само кога корисниците конкретно ја активираат таа опцијата.
Техничкиот гигант оттогаш ги измени техничките спецификации на уредот за да го вклучи микрофонот. Сепак, корисниците на уредот и оние кои се плашат да го поканат „Големиот брат“ во своите спални соби „паднаа“ на објаснувањето на „Гугл“.
Дури и ако се занемари фактот дека не им било кажано на корисниците за микрофонот, кој ќе му верува на „Гугл“ за да му дозволи пристап до своите домови?
Впрочем, ова е истиот „Гугл“ чија програма „Стрит вју“ сосем „случајно” складираше податоци од вај-фај мрежите покрај кои возеле автомобилите помеѓу 2007 и 2010 година. Истиот „Гугл“ чија сестринска компанија инсталираше илјадници бесплатни вај-фај киосци низ Њујорк, кои потенцијално ги следеа движењата на корисниците и истиот „Гугл“ кој без согласност користи технологија за препознавање на лицата на корисниците.
Можеби најстрашното е интерното видео што „Гугл“ го објави лани, опишувајќи ја иднината во која „Гугл“ собира податоци за корисниците и ги користи за да им помогне да се однесуваат на начин кој ги „одразува вредностите на Гугл”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

