Свет
Себастијан Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за Северен тек 2 и покрај противењето на САД

Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот Северен тек 2 и покрај негативниот став на САД за ова прашање, рече австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
Курц во средата имаше средба со американскиот претседател, Доналд Трамп, во Белата куќа.
„Трамп јасно кажа дека САД се против овој проект, ние сме свесни за тоа. Ние го поддржуваме овој проект бидејќи сме заинтересирани за сигурно снабдување со енергија за Австрија. Впрочем, постои некој вид договор за овој проект во Европа и ние ќе продолжиме да го промовираме овој проект”, рече Курц во интервју за австрискиот радиодифузер ОРФ.
„Купувањето гас од САД нема да биде проблем за нас, но сè додека цената на Русија е подобра од американската, Русија е поатрактивна за нас како партнер за ова прашање. Верувам дека како поранешен бизнисмен, Трамп може да сфати дека тука имаме различни интереси”, истакна канцеларот.
Северен тек 2 е заеднички проект на рускиот гигант „Гаспром“ и пет европски компании. Негова цел е да доставува 55 милијарди кубни метри руски природен гас годишно во Европската Унија. Проектот за гасоводот беше поздравен од некои земји во Европа, а други се спротивставија изразувајќи загриженост поради зависноста на Европа од Русија и намалената транзитна улога на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Хутите испукаа ракета кон Израел, соборена е

Израелските сили пресретнаа балистичка ракета испукана од Хутите во Јемен кон Израел, соопштија воени претставници, според „Тајмс оф Израел“.
Нема извештаи за штети или повредени. Сирени се огласија во централен Израел, областа Ерусалим и неколку населби на Западниот Брег.
The Israel Defense Force reports the successful interception earlier of a ballistic missile fired by the Iranian-backed Houthi terrorist group in Yemen at Central Israel. pic.twitter.com/7I64NV7f0D
— OSINTdefender (@sentdefender) September 16, 2025
Ракетниот напад се случи кратко откако израелските воздухопловни сили го бомбардираа пристаништето Ходеида во западен Јемен, контролирано од Хутите, како одговор на претходните напади врз Израел.
Од 18 март, кога израелската војска ја продолжи својата офанзива против Хамас во Појасот Газа, Хутите во Јемен испукаа 84 балистички ракети и најмалку 37 беспилотни летала кон Израел.
Свет
(Видео) Трамп постави барања до Европа и до Зеленски, само од Путин не бара ништо

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин.
Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, тој не постави никакви барања до рускиот претседател Владимир Путин.
.@POTUS: "Zelensky's going to have to make a deal, and Europe has to stop buying oil from Russia." pic.twitter.com/FNpw1WMnBQ
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) September 16, 2025
Порака до Зеленски и Европа
Во разговор со новинарите денес, Трамп ги повтори своите барања до Украина и Европа. „Зеленски ќе мора да склучи договор. И Европа мора да престане да купува нафта од Русија“, рече Трамп, нагласувајќи дека украинскиот претседател мора да постигне мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин.
Изјавите доаѓаат само еден ден откако тој рече дека не сака европските нации да продолжат да купуваат нафта од Русија и ги критикуваше нивните санкции како „не доволно строги“.
„Санкциите мора да бидат построги“
Трамп ја повтори својата долгогодишна загриженост за војната во Украина и неговата желба да посредува во мировен договор меѓу Москва и Киев.
„Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта – а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам“, рече тој.
Свет
Ердоган: Нетанјаху е како роднина на Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелскиот напад од минатата недела врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар, велејќи дека Нетанјаху идеолошки е како братучед на Хитлер.
„Исто како што Хитлер не можеше да го предвиди поразот што го чекаше, Нетанјаху ќе се соочи со истата крајна судбина“, додаде тој по враќањето од Доха, каде што присуствуваше на вонреден арапско-исламски самит по израелскиот воздушен напад.
Ердоган го нарече нападот врз преговарачкиот тим на Хамас јасен предизвик за меѓународниот поредок и меѓународното право. Тој тврдеше дека израелското раководство „го претворило својот радикален начин на размислување во ништо повеќе од убиствена мрежа изградена врз фашистичка идеологија“.
Ердоган истакна дека усвојувањето на Њујоршката декларација за решението со две држави од страна на Генералното собрание на ОН претставува голема пресвртница во дипломатскиот пејзаж на палестинското прашање. Декларацијата беше одобрена од 142 земји, а Ердоган нагласи дека таа ја одразува долгогодишната поддршка на Турција за решението со две држави, кое сега стана заедничка волја на светското мнозинство.
Осврнувајќи се на неколку западни земји кои неодамна го објавија своето признавање на Палестина, тој предвиде дека ова ќе изврши дополнителен притисок врз Израел. Тој изрази надеж дека „фронтот на човештвото“ ќе добие поширока поддршка на претстојното Генерално собрание на ОН.