Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат
Зоран Заев за Кумановската група обвинета за убиство на 8 полицајци во Диво Насеље ветуваше амнестија и меѓународна истрага наведени во Тиранската платформа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат, вршат тортура и линчуваат политички неистомисленици на Зоран Заев.
Непостапувањето на власта и замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Политичка и кривична одговорност за нарачателите и за тие кои не сторија ништо за да се спречи тепањето на Ристовски и Јанакиески мора да има. Одговорните за овој скандалозен акт мора да бидат изведени пред лицето на правдата
Случајот не смее да се заташка со бледи обиди за избегнување на одговорност. Зоран Заев и Рената Десоска мора веднаш да поднесат оставка за да може да се спроведе истрага која ќе резултира со одговорност на вистинските нарачатели.
СДСМ апсолутно никако не може да избега од фактот дека беше дозволено да бидат претепани поранешни министри и политички неистомисленици на Зоран Заев. Ваквиот случај е невиден срам за земја која себе се нарекува демократска и претендира да биде дел од европското семејство.
СДСМ свесни дека немаат поддршка од граѓаните на Република Македонија почнаа да креираат страв во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите.
Откако е СДСМ на власт сведоци сме на секојдневен политички прогон на неистомислениците. Луѓе се затвораат и малтретираат само заради тоа што не се согласуваат со погрешните политики на власта.
Ваквото насилие од страна на власта мора веднаш да заврши. Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни дури ни во своите домови. Затоа народот ќе го казни СДСМ и Зоран Заев на претседателските избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори со што повторно ќе се вратат правната држава и демократијата во Република Македонија, се додава во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

