Македонија
Жерновски ќе се сретне со Гутереш во Женева
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе ја предводи Делегацијата на Република Северна Македонија, која од денеска ќе престојува во Женева, со цел учество на сегментот на високо ниво на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН.
Од вкупниот број земји членки на ОН, најавено е учество на околу 90 министри за надворешни работи кои во наредните два дена ќе дикустираат за состојбата со човековите права во светот.
За време на Советот за човекови права во Женева, Жерновски ќе се сретне со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Средбата се случува по стапувањето на сила на преспанскиот договор, и само неколку дена откако Скопје и Атина го известија Генералниот секретар Гутереш за промената на уставното име на државата.
На маргините на сесијата, планирано е да се остварат низа други билатерални средби на кои ќе се разговара за внатрешно-политичките состојби во земјата, можностите за продлабочување на билатералните односи и за многу други светски предизвици.
Жерновски ќе има и обраќање пред високите претставници од ОН и земјите членки, а фокусот се очекува да биде ставен на актуелните безбедносни проблеми и нивното влијание врз човековите права, улогата на телата на ОН за подобрување на состојбите со човековите права, како и на постигнувањата и приоритетите на државата во оваа сфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР ќе ги награди полицајците кои ги фатија разбојниците во „Нептун“
На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави детали за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника. Тој вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра
Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.
Министерот за внатрешни работи најави дека тројцата полицајци кои делувале, ќе бидат наградени. Според министерот, пукано било од полицајците, но нема повредени, туку како предупредување додека разбојниците бегале.
Доцна синоќа се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк. Според информациите, инцидентот се случил во 20 часот и 30 минути кога две вооружени маскирани лица упаднале во објектот и со закана со пиштоли се обиделе да изнудат пари од вработените.
„Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“, им рекле разбојниците на лицата кои ги затекнале во продавницата за бела техника. За кратко на локацијата пристигнала и полиција која ги фати разбојниците..
Македонија
Најдено е детето кое се изгуби во Чаир
Најдено е детето кое се изгуби денес во Чаир. Од семејството за Макфакс соопштуваат дека детето е најдено.
За момчето кое последен пат е видено пред неколку часа во близина на Мараш Донер помош се бараше и од граѓаните, но од семејството информираат дека настанот се завршил добро.
Македонија
Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, ама најави дека ќе размисли
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за такво нешто.
-Во овој момент не сум размислувал. Но, деновиве што се пред мене, ќе размислувам на таа тема. Доколку навистина има аргументи кои одат во таа насока, зошто да не. Но во моментов не гледам причина за такво нешто, ако гледам објективно, рече Мицкоски при неговата посета во Општина Јегуновце.
Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара итно одржување на лидерска средба на парламентарни политички партии.
– Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна, рече Илиевски на прес-конференција.