Македонија
Богоевски: Џафери направи будали од нас
Пратеникот Павле Богоевски го обвини Талат Џафери дека го злоупотребил Собранието за да го заштити Трајко Вељановски од притвор.
„Нашиот глас за Талат Џафери на 27 април резултира со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Вчера, тој го злоупотреби истото ова Собрание и го заштити организаторот од притвор правејќи будали од сите нас. Денес, во медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што некои од пратениците се на службен пат. Тоа е уште една лага, која, најверојатно, е излезена од неговиот кабинет“, пишува Богоевски.
Тензичната собраниска седница, на чиј дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, која почна малку по 21 часот, беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку минути по полноќ.
Претходно, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања по долга расправа со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не донесе одлука по барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски. Експретседателот на Собранието заедно со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, е осомничен за организирање на крвавиот четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

