Македонија
Курц го води Заев на најпознатиот бал во Австрија
Главниот настан во сезоната на балови во Австрија, Oпернбал“, кој ќе се одржи в четврток во Виена, е можност за австриските политичари да повикаат колеги од странство, а меѓу годинешните гости на австриската политичка елита се и политичари од Балканот.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на „Oпернбал“ како свој гостин го повикал премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, пренесува агенцијата АПА.
Вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе, пак, на „Oпернбал“ ги повикал шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, и унгарскиот министер, пишува „Танјуг“.
Од кабинетот на канцеларот објасниле дека причина за поканата на Заев на „Опернбал“ првенствено е договорот постигнат со Грција за името на државата, како и во фокусот на австриската надворешна политика кон Западен Балкан.
Заев ќе биде единствениот гостин на канцеларот, а тие ќе имаат и билатерална средба пред „Oпернбал“.
Заев претходно по покана на Курц беше во Виена кон крајот на јануари и во таа пригода му беше врачено признание за договорот постигнат со Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.