Вести
Тројцата снајперисти од Далас уапсени, четвртиот мртов и идентификуван
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/1461381072.jpg)
Тројца снајперисти кои од покриви во Далас убија пет и ранија шест американски полицајци во координиран напад во текот на протестот против полициската бруталност по најновите два случаи на полициски убиства на црнци, се уапсени, а четвртиот е мртов.
Телевизијата NBC News, повикувајќи се на извор во полициските сили, го наведува идентитетот на еден од стрелците како 25-годишниот Михај Ксавиер Џонсон, кој загинал во престрелката со полицијата.
Весникот Los Angeles Times пишува дека тој живеел во областа на Далас, немал криминално досие и не бил поврзан со ниедна терористичка група.
Претходно началникот на полицијата на Далас, Дејвид Браун изјави дека во долгите преговори со него додека бил во опсада, немало резултат. Поради тоа, тој бил елиминиран со помош на робот со бомба.
Според Браун, осомничениот рекол дека не е поврзан со екстремисти, а во полицајците пукал од омраза, поради неодамнешните случаи на полициски убиства на Афроамериканци.
Вкупно во нападот се ранети дванаесет полицајци и двајца цивили, изјави градоначалникот на Далас, Мајк Равлингс.
Полицијата го опиша нападот изведен во четвртокот навечер како внимателно планиран и извршен, и додава дека три лица се притворени додека четвртиот починал по престрелка со полицијата. Тој наводно рекол дека ќе постави или поставил бомби насекаде низ Далас.
Засега сé уште не е утврден мотивот за нападот во текот на мирниот протест, еден од многуте кои се одржуваат ширум САД последните ве годни.
Пукањето започнало во 21 часот во четвртокот во центарот на Далас, каде што има многу ресторани, хотели и владини згради. Снимките покажуваат како демонстрантите во паника трчаат по улиците, а во заднина се слушаат истрели. Може да се забележат си силни полициски единици и полицајци кои бараат засолниште зад паркирани автомобили.
Полицајците во петокот утрото го прегледуваа центарот на Далас за да откријат евентуално поставени експлозивни направи, но не се најдени. Во поголемиот дел од централното подрачје во петокот претпладнето не беше дозволен пристапот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.