Македонија
Заев се сретна со словенечкиот министер за внатрешни работи
Премиерот Зоран Заев се сретна со Боштајн Поклукар, министер за внатрешни работи на Република Словенија.
„Пренесени се честитки до премиерот Заев, од неговиот колега, премиерот Марјан Шарец и од словенечката Влада, за ефикасното решавање на долгогодишниот спор со јужниот сосед. Посочено е дека политиките на премиерот Заев покажуваат дека е можно проблемите да се решаваат, а не само да се говори за нив. Изразено е очекување дека преку договорот од Преспа и со оперативните реформи што ги прави нашата држава ќе се заокружи процесот на интегрирање на Република Северна Македонија во НАТО, како и дека ќе се успее во отворањето пристапни преговори со ЕУ“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев упатил благодарност до словенечкиот премиер, Шарец, и до Владата во Словенија за искрената, пријателска и принципиелна поддршка од Словенија во сите клучни процеси за нашата држава, вклучително и за тоа што Република Словенија е втората држава што го ратификуваше протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
„Преку договорот од Преспа придонесовме за унапредување на билатералните односи со нашиот сосед Грција, но и за напредокот на целиот регион. Има позитивно влијание и на економски план бидејќи порасна бројот на заинтересирани инвеститори за инвестирање во Македонија. Веруваме дека ќе дадеме аргументи во периодот што претстои, за сите земји членки да го поддржат отпочнувањето на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ“, рекол Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

