Спорт
Познати се сите учесници на СП во Кина
Завршија квалификациите за пласман на Светското првенство во Кина. Познати се имињата на 32 репрезентации што во септември ќе се борат за планетарната титула. Најмногу претставнци има Европа (12), осум селекции се од Азија и Океанија, седум од Северна и Јужна Америка и пет од Африка.
Лошиот систем на квалификациите придонесе актуелниот европски првак Словенија да не обезбеди виза за Кина.
Од Европа на Светскоот првенство ќе играат: Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Шпанија и Турција.
Кина како домаќин избори директен пласман, а од Океанија и Азија на шампионатот ќе учествуваат уште: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Филипините.
Листата на учесници од Северна и Јужна Америка ја предводат актуелните шампиони САД, а тука се уште Аргентина, Бразил, Канада, Доминиканска Република, Порторико и Венецуела.
Од Африка место на планетарниот шампионат изборија: Ангола, Брегот на Слонова коска, Нигерија, Сенегал и Тунис.
ALL 32 TEAMS THAT WILL COMPETE AT THE #FIBAWC 2019 IN CHINA ARE KNOWN!https://t.co/hwXFIXiXKx pic.twitter.com/pM0ZtKuIzj
— Basketball World Cup (@FIBAWC) February 26, 2019
„Овие квалификации овозможија 80 национални тимови редовно да играат натпревари пред своите навивачи и да се натпреваруваат на големата сцена. Ова немаше да биде возможно доколку немаше соработка со националните федерации, првенствата и клубовите. Поради тоа, сакам да изразам благодарност до целото кошаркарско семејство кое ни помогна во транзицијата кон новата кошаркарска ера“, изјавил генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација, Андреас Загклис.
Групите за СП ќе бидат извлечени на 16 март, а шампионатот ќе се одржува од 31 август до 15 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

