Македонија
Да му биде продолжен куќниот притвор на Сашо Мијалков, бара СЈО
Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе предлог до судот да му биде продолжен куќниот притвор на осомничениот Сашо Мијалков за случајот „Империја“, кој му истекува утре, потврдија од институцијата за „Макфакс“. Апелациониот суд Скопје им го продолжи куќниот притвор во траење од 30 дена на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Aко Мијалков и овој пат добие 30-дневен куќен притвор, неговите адвокати може да поднесат жалба до Врховниот суд по начленото правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за истраги и обвиненија по законскиот рок од 30 јуни 2017 година.
Од кривичниот суд известија дека не им е продолжен куќниот притвор на Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска бијдеќи СЈО не поднело предлог за продолжување на мерката куќен притвор. Тодор Мирчевски, освен што му е одземен пасошот, треба еднаш неделно да се јавува во судот. Зорица Арсовска, освен одземениот пасош и јавување во судот еднаш неделно, има забрана за посетување на деловните простории каде што осомничената работи, како и забрана за преземање определени работни активности од дома поврзани со правните лица што се предмет на истрагата.
Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.
Според СЈО, осомничените се товарат за злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.
Во предистражната постапка, со преземање истражни дејства, како и со примена на посебни истражни мерки, СЈО соопшти дека обезбедило доволно докази од кои произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица што биле или се во нивна сопственост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

