Македонија
(Видео) Место на „Дрисла“, „Комунална“ истура отпад на дива депонија среде Скопје
Мало камионче со ознаки на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, утрово, отпадот, место на „Дрисла“, го истури на дива депонија среде Скопје, во близина на Центарот за азиланти во Шуто Оризари. Екипа на „Макфакс“ го сними камиончето полно со ѓубре како се качува на ридот во близина на Центарот и набргу се симнува празно, без отпад.
Луѓето сместени во Центарот велат дека секојдневно се истура ѓубре на ридот од спротивната страна.
„Има вдлабнатина на ридот, која се полни со ѓубре. Ова овде сè беше покриено со отпад, но го подзачистија кога премиерот Зоран Заев дојде да ги посети бездомниците. Сега дури личи чисто“, велат азилантите кои екипата на „Макфакс“ ги сретна на патот кон дивата депонија.
Ѓубре е расфрлано по целиот земјен пат што води до врвот на ридот каде што се истура ѓубрето. Меѓу градежниот шут на сите страни има и комунален отпад, па целиот простор е претворен во огромна депонија на шест километри од центарот на Скопје.
Од Општина Шуто Оризари се пожалија дека не можe да се справат со камионите што истураат отпад насекаде и велат дека не е првпат камиони на „Комунална хигиена“ да трупаат отпад и да отвораат нови диви депонии во Шуто Оризари. Екипи од Општината од утрово работат на расчистување на дивата депонија од која се шири чад низ Шуто Оризари и Визбегово, а „Комунална“ пред еден месец ја користела како претоварна станица кога ѝ го отстапила просторот на Општината. Камиончето на „Комунална“ се појави во моментот кога се подготвуваше акцијата за чистење, па ја одмина депонијата што ја користела како претоварна станица и ѓубрето го истури на ридот спроти Центарот за азиланти.
Од „Комунална хигиена“ немаат коментар. Најавија дека ќе објаснат кога ќе утврдат дали се работи за нивно возило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

