Свет
Белгиски муслиман си ја убил сопругата која го критикувала бидејќи продавал свинско месо
Белгискиот муслиман Мохтар Амари признал дека ја убил својата сопруга откако таа во повеќе наврати го критикувала затоа што продавал свинско месо, пренесува белгиски „Судинфо“.
Убиството се случило ноќта помеѓу 10 и 11 февруари, по жестоката расправија помеѓу Амарти и неговата 48-годишна сопруга Фатима Кајер.
Моктар тврди дека за време на кавгата, Фатима го прекорувала затоа што продавал производи од свинско месо во неговата продавница и дека конфликтот ескалирал до тој степен што извадил нож и ја избодел до смрт.
По убиството на 48-годишната мајка на неговите деца, Амари се обидел да се самоубие со пиење каустична сода.
Паскал Родејн, адвокатот на Амари, тврди дека сопруга на неговиот клиент во изминатиот период во повеќе наврати го прекорувала и дека односот меѓу нив се влошил откако таа го обвинила дека не е доволно добар муслиман, што доведело до кавгата и убиството.
Родејнс додал дека повторените навреди довеле до точка кога неговиот клиент повеќе не можел да се контролира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди пред суд во Њујорк по обвиненија за дрога и оружје.
Трамп изјави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.
Трамп претходно предупреди дека Родригез би можела да „плати многу висока цена“ ако не соработува со Соединетите Американски Држави.
Свет
„Мета“ брише профили во Австралија: „Ги преземаме сите чекори за да се усогласиме со законот“
„Мета“ деактивираше повеќе од половина милион профили во Австралија како резултат на првата забрана во светот за социјални медиуми за лица под 16 години, објави компанијата денес.
„Мета“ соопшти дека затворила 544.052 профили за кои верува дека ги користеле лица под 16 години помеѓу 4 и 11 декември 2025 година. Ова вклучува 330.639 сметки на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“ и 39.916 на социјалната мрежа „Тредс“.
Според новиот закон, кој стапи на сила на 10 декември, лицата под 16 години повеќе не смеат да имаат свои сметки на 10 главни платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги „Тикток“, „Снепчет“, „Редит“ и „Јутјуб“. На компаниите им е дадена една година да спроведат мерки за верификација на возраста, а прекршоците се соочуваат со високи казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари).
„Мета“ рече дека континуираното почитување на законот ќе биде „повеќеслоен процес“ што ќе продолжи да се развива. „Иако нашите загрижености во врска со проверката на возраста преку интернет без индустриски стандард остануваат“, соопшти компанијата во блог пост. „Како што веќе наведовме, „Мета“ е посветена на исполнување на своите обврски за усогласеност и презема потребни чекори за да остане во согласност со законот“, додаде компанијата.
„Мета“ ја повика австралиската влада „конструктивно да се ангажира со индустријата за да се најде подобар пат напред, како што е охрабрување на целата индустрија да ја подигне летвата во обезбедувањето безбедни, пријателски настроени кон приватноста и соодветни на возраста онлајн искуства, наместо генерални забрани“.
Продавниците за апликации треба да бидат обврзани да ја потврдат возраста и да добијат родителска согласност пред децата дури и да можат да преземат апликација, велат од „Мета“.
„Ова е единствениот начин да се гарантира конзистентна заштита на младите луѓе низ целата индустрија, без оглед на тоа кои апликации ги користат, и да се избегне ефектот на задоцнување од новите апликации на кои тинејџерите ќе мигрираат за да го заобиколат законот за забрана на социјалните медиуми“, предупреди „Мета“.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.

