Спорт
Јокиќ незапирлив против Вестбрук и Џорџ (видео)
Денвер ја доби пресметката со Оклахома, а Торонто во дербито на Истокот го декласира Бостон Селтикс. Победа изминатата ноќ забележаа и кошаркарите на Њујорк Никс.
Дуелот на екипите што се наоѓаат на второто и третото место во Западната конференција, Денвер Нагетс и Оклахома Тандер, им припадна на кошаркарите од Колорадо 121:112. Брилијантен меч одигра српскиот центар Никола Јокиќ, кој беше на скок до трипл-дабл.
Јокиќ, на кого во финишот домашните навивачи му скандираа „МВП, МВП“, натпреварот го заврши со 36 поени, 9 скока и 10 асистенции. Во финишот тој и Џамал Мари ги постигнаа клучните поени за победата на Денвер.
Мари мечот го заврши со 20 поени и по 5 скока и асистенции, Пол Милсап забележа дабл-дабл од 12 поени и 10 скока, а Вил Бартон постигна 23 поени.
Кај Оклахома, Расел Вестбрук беше на чекор до трипл-дабл (22 поени, 14 скока, 9 асистенции), Џереми Грант постигна 21 поен, а најефикасниот Пол Џорџ мечот го заврши со 25 поени, 8 скока и 7 асистенции.
Денвер сега е на 42 победи и 18 порази, а Оклахома на 38 победи и 22 пораза.
Она што требаше да биде дерби на Истокот му донесе целосна доминација на Торонто Репторс во дуелот со Бостон Селтикс. Репторс го декласира противникот со 118:95. Репторс ја забележа деветтата победа на последните десет натпревари, а Селтикс е во серија од три порази.
Паскал Сијакам постигна 25 поени, Каваи Ленард 21, Серж Ибака 14 поени за Торонто, а кај Бостон најефикасни беа Маркус Морис и Џејсон Тејтум со 17, односно 11 поени.
Њујорк Никс со голем пресврт успеаја да го победат Орландо Меџик 108:103. Никс последната четвртина ја доби со 30:13. Меџик водеше во најголемиот дел од натпреварот, а на моменти имаше предност од 16 поени. Клуч за победата беше серијата на Никс 10:0 во последните пет минути.
Емануел Мудијај постигна 19, Алонзо Трир 18 поени, а Мичел Робинсон заврши со 17 поени, 14 скока и 6 блокади. Меџик го предводеше Никола Вучевиќ и Арон Гордон со по 26 поени, а Црногорецот имаше и 11 скока, 6 асистенции и 3 блокади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

