Контакт

Македонија

Дегустација на италијанска храна и вино во „ La Dolce Vita”

Објавено пред

Италијанскиот Фестивал кој по трет пат се одржува во Македонија, оваа година нуди богата програма на гастрономски, културни и бизнис настани со цел да се претстави најдоброто од “Made in Italy” и е организиран од ИЧЕ- Италијанската агенција за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство во соработка со Амбасадата на Република Италија во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот Фестивал започнува во среда во Скопје со “La Dolce Vita” со дегустација на вина и италијански прехранбени производи, на која учествуваат 17 италијански компании и ги претставуваат најдобрите вина, маслиново масло, тестенини, сирења и др.прехранбени производи од регионите: Тоскана, Пуља, Лацио, Сардинија, Сицилија, Модена, Лигурија и Пјемонте.Дегустацијата, која по трет пат се одржува во Скопје, во рамките на Италијанскиот Фестивал Македонија 2016, ќе почне во 15.30 часот, а е посветена на презентација и дегустација на италијански прехранбени производи и вина кои сеуште не се присутни на македонскиот пазар, и има за цел да се промовира нивниот извонреден квалитет како и да овозможи влез на нови италијански брендови на македонскиот пазар. Станува збор за специјализиран настан наменет пред се’ за увозниците и дистрибутерите на храна и вино, за големите ланци на супермаркети, енотеки, ресторани, хотели и фирми за кетеринг, за медиуми и специјализирани списанија.Првиот дел од настанот ќе биде посветен на бизнис средби меѓу претставниците на италијанските компании и македонските увозници и дистрибутери на храна и вина. Во попладневните часови, посетителите ќе имаат можност да дегустираат специјалитети и леб типични за регионот Сардинија. Дегустацијата на вина ќе ја водат меѓународните судии за вино, Ивана Симјановска и Пол Капуто, кои во таа прилика ќе одржат Мастерклас по енологија.Постојаниот пораст на  квалитетот на животот на македонмскиот потрошувач придонесе до прогресивен пораст на побарувачката за италијански прехранбени производи и како резултат на тоа тие се се’ поприсутни на пазарот. Италијанските производи во кај македонските потрошувачи уживаат имиџ на луксуз и квалитет; некои производи како пармезанот, маслиновото масло и кафето поставуваат нови стандарди во угостителсвото.Италијанската агенција за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство е државна агенција која има за цел да ја промовира и поддржи трговската соработка на Италија со други земји со активности насочени кон интернационализација на италијанските компании и нивното присуство на странските пазари, со посебен акцент на малите и средните претпријатија и нивните здруженија. Преку централата во Рим, канцеларијата во Милано и мрежата на канцеларии во светот, ИЧЕ Агенцијата се занимава со информирање, поддршка и промоција на компании и институции, корпоративни и индивидуални обуки и промоција на соработката во сите бизнис сектори. Надвор од Италија ИЧЕ Aгенцијата работи во рамките на италијанските дипломатски претставништва и во тесна соработка со коморите и бизнис здруженијата им нуди координирана поддршка на италијанските компании заинтересирани за влез на странските пазари. Преку ИЧЕ Агенцијата италијанските компании имаат можност да се запознаат со странските пазари преку детални статистички и пазарни анализи, информации за правната и даночната регулатива, да добијат информации за бизнис и инвестициските можности во различни сектори, како и поддршка при дефинирањето стратегија за настап на странските пазари.Во рамките на Канцеларијата на ИЧЕ Агенцијата во Скопје работи посебен деск кој има за цел да прибира и да им презентира на италијанските компании информации во врска со бизнис можностите поврзани со проекти во секторите: инфраструктура, енергетика, земјоделие и животна средина. Дескот издава месечен билтен на италијански јазик, со информации за проектите и тендерите кои се однесуваат на горенаведените сектори и е наменет за италијанските компании кои работат во Македонија или се заинтересирани да настапат на македонскиот пазар./крај/со/бб

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката

Објавено пред

АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.

Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.

Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.

Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.

Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.

Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.

Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Зголемени цените во индустријата во ноември

Објавено пред

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Месечниот раст на цените е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, каде што има зголемување од 0,5 отсто, како и кај трајните производи за широка потрошувачка, кои пораснале за 3,0 отсто.

На годишно ниво, односно во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4,6 отсто. Во овој период, раст на цените е регистриран кај енергијата за 6,9 отсто, кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,2 отсто, како и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде што е забележано зголемување од 4,4 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ28 минути

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Македонија1 час

ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица, бара Левица

„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема...

Македонија2 часа

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од...

Економија2 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија3 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ3 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа4 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет4 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет6 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет6 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа6 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија6 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија6 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија18 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија20 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија22 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија23 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија24 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ1 ден

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...