Македонија
(Видео) Безбедни семејни паркинг-зони за бремени жени и мајки со деца
„Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи. Оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Авто мото-сојузот на Македонија за приклучување кон проектот за зголемување на степенот на сообраќајна безбедност, особено на оние популациски групи, како што се во конкретниот случај бремените жени, односно мајките и дечињата до тригодишна возраст“, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на презентацијата на проектот „Безбедни семејни паркинг-зони“.
На настанот беше потпишан и меморандум за соработка меѓу МВР и носителот на проектот, Авто мото-сојузот на Македонија, како и Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС, Факултетот за безбедност и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за заеднички активности за негова реализација.
Според Спасовски, проектот „Безбедни семејни паркинг-зони“ го заслужува должното институционално внимание: „Како министер за внатрешни работи сакам веднаш да нагласам дека полицијата, како и претходно така и сега, е целосно отворена за соработка, за заедничко разгледување на сите идеи и предлози – како, кога, на кој начин ќе може сето тоа да се операционализира, а првенствено во интерес на нашите граѓани, односно во интерес на подигањето на нивото на сообраќајна безбедност“, нагласи министерот Спасовски.
Во склоп на проектните активности планирано е обележување посебно паркинг-место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

