Македонија
Стојков за апсењето на Љубе: „Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 13 до 20 часот“

Сведокот Игно Стојков, кој во 2011 година бил главен инспектор во полициската единица „Алфи“, рече дека делумно го видел апсењето на Љубе Бошкоски пред ресторанот „Воденица“.
На прашање на обвинителот од СЈО да раскаже што видел на денот на апсењето, рече дека видел како Љубе Бошкоски ги фрла ташната и кесата и „алфите“ го апсат.
Обвинителот го праша дали ова го кажал и на распитот во Обвинителството, на што тој рече: „Не се сеќавам што сум кажал. Од 13 до 20 часот бев во СЈО. Мислам дека е исто“.
Стојков рече дека лично и семејно се познавал со Бошкоски и затоа не се приближил кон местото на апсењето.
Претходно, сведочеше Александар Михајловски – Џанго. Следното рочиште е закажано за 29 март. Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина „алфи“.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.