Спорт
Тер Штеген: Сакав да ја напуштам Барселона
Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген признал дека во еден момент сериозно размислувал да ја напушти Барселона.
Тер Штеген во 2014 година пристигна во Барселона од Борусија Менхенгладбах. Во тој ист преоден рок Каталонците го купија и Клаудио Браво од Реал Сосиедад. Чилеанецот беше купен за да брани, а Тер Штеген да биде негова замена.
Таа сезона Браво бранеше во првенството и Лигата на шампионите, а Германецот само во Купот на Шпанија.
„Јас и Браво добро се справувавме со ситуацијата. Тој е одличен голман кој во тоа време заслужуваше да биде прв голман на Барселона. Тренерот не сакаше ништо да менува бидејќи имаше голман што бранеше одлично во лигата“, рекол Тер Штеген и дополнил.
„Кога се случуваат такви работи, тогаш почнувате да размислувате за иднината бидејќи најважно е да играте. Не ми беше полесно ниту кога се свртија работите, кога тренерот кажа дека Браво ќе брани само во Купот, а јас во другите натпреварувања. Тоа не беше она што го сакав. Во текот на 2016 година размислував да ја напуштам Барселона. Тогаш клубот донесе одлука, решија јас да останам. Мислам дека со добрите партии покажав дека ја заслужив довербата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн
Епскиот пресврт на ПСЖ против Манчестер сити и победата на Феенорд над Баерн ги обележаа вечерашните натпревари од седмото коло во Лигата на шампионите.
„Паркот на принцовите“ во Париз не паменти пресврт каков што вечерва направија „светците“.ПСЖ за 30 минути постигна четири гола и од 0:2 дојде до 4:2.
Ако прво полувреме беше здодевно, второто беше спектакуларно.
Започна со голот на Грилиш во 50.минута, а кога три минути подоцна Халанд зголеми на 0:2, малкумина веруваа дека ПСЖ ќе моѓе да го избегне поразот.
Одговорот на „светците“ беше брутален. Три монути по голот на Халанд, Дембеле го намали резултатот, а во 60.минута Баркола изедначи на 2.2. Домашните се растрачаа, а гостите делуваа загубено на теренот.
Пресвртот го комплетираше Жоао Невеш во 78.минута, а точка на големата победа стави Гонзало Рамош во 96.минута.
Со овој триумф ПСЖ скокна на 22.место на табелата со 10 бода, колку што имаат и Бенфика, Спортинг и Штутгарт. Сити сега е надвор од плејоф зоната. Со осоум бода „граѓаните“ се 25. на табелата.
Во Ротердам Феенорд го нокаутираше Баерн со 3:0 Три контри и три гола, може да биде краткиот опис на она што се случуваше на теренот. Баерн цело време играше на противничката половина, но играчите на Феенорд знаеја како да го користат празниот постор.
Хименез ги постигна првите два гола, во 21. и во деветтата минута од судиското надополнување на времето од пенал. Апсолутен трагичар е Португалецот Гереиро, кој влезе на теренот кога се повреди Дејвис, а 60 секунди подоцна направи прекршок за пенал. Точка на големата победа на Феенорд стави Уеда во 89.минута.
Феенорд со 13 поени се наоѓа на 11. место, Баерн со бод помалку е 15. на табелата.
Резултати:
Лајпциг – Спортинг 1:0 (1:0)
/Шешко 19, Поулсен 78 – Џокереш 75/
Шахтјор – Брест 2:0 (2:0)
/Кевин 18, Судаков 37/
ПСЖ – Манчестер Сити 4:2 (0:0)
/Дембеле 56, Баркола 56, Невес 78, Рамос 90+3 – Гралиш 50, Халанд 53/
Милан – Џирона 1:0 (1:0)
/Леао 37/
Реал Мадрид – Салцбург 5:1 (2:0)
/Родриго 23, 34, Мбапе 48, Винисиус Жуниор 55, 77 – Бидструп 85/
Арсенал – Динамо 3:0 (1:0)
/Рајс 2, Хаверц 66, Одегард 90/
Селтик – Јанг Бојс 1:0 (0:0)
/Бенито 86 аг./
Спарта – Интер 0:1 (0:1)
/Мартинез 12/
Феенорд – Баерн 3:0 (2:0)
/Хименез 21, 45+9, Уеда 89/
Спорт
Норвешка со пресврт ја победи Шпанија, Исланд со триумф над Египет
Ракометарите на Норвешка и Исланд забележаа победи во последните натпревари од првото коло во главната фаза на 29. Светско првенство.
Норвешка со голем пресврт ја победи Шпанија 25:24 и ги освои првите бодови во групата. Нападот седум на шест во последните 20 минути и ја донесе победата на Норвешка. Шпанија во 41.минута имаше предност од пет гола (13:18). Норвешка полека ја топеше предноста на ривалот, со серијата 5:0 го реши прашањето околу победникот.
Проблем за Норвешка е повредата на Сагосен, се повреди во последната минута од натпреварот. Грендал беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, шест постигна во вториот дел. Шпанија ја предводеше Гарсијандија со шест гола.
На табелата во оваа група води Португалија со пет бода, по четири имаат Бразил и Шведска, Шпанија остана на три, Норвешка имадва, а Чиле е без освоен бод.
Во Групата 4, Исланд го доби дуелот на непоразените репрезентации. Исланшаните славеа над Египет со 27:24.
Скандинавците ја одиграа својата игра, но ги неутрализираа бековите на Египет. Постојано водеа и го приведоа рутинскиот натпревар до крај. Блескаше Кристијансон со девет гола, еден помалку за Египет постигна Зеин.
Исланд сега има шест бода на првото место во Групата 4, додека Египет, Хрватска и Словенија имаат по четири.
Спорт
Турбо ракомет во Осло, по бод за Португалија и Шведска
Шведска и Португалија ремизираа 37:37 во првото коло, во Групата 3, во втората фаза на 29. Светско првенство во ракомет.
Врвен натпевар одиграа селекциите кои целат на пласман во четвртфиналето. Во текот на сите 60 минути се водеше изедначена борба, ниту една репрезентација немаше предност поголема од два гола.
Бод на Португалија и донесе Соуса во финишот на мечот. Интересно тој гол беше единствен за Соуса на натпреварот. Шведска потоа не го искористи последниот напад.
Фраде односно Лагергрен со по седум гола ги предводеа своите репрезентации.
Групата 3 ја предводи Португалија со пет бода, Шведска и Бразил имаат по четири, Шпанија со натпревар помалку три, без бодови се Норвешка и Чиле.
Во вториот меч одигран во терминот од 18 часот, во рамките на Групата 4, Хрватска ги декласира Зеленортските острови со 44:24.