Црна хроника
Двајца работници тешко повредени во Јегуновце

Двајца работници од фабриката „Југохром Фероалојс“ во тетовското село Јегуновце се тешко повредени во несреќен случај при работа, соопшти МВР.
Несреќата се случила во вторникот во 18.30 часот додека 48-годишниот З.Т. од тетовското село Јанчиште и една година постариот Ф.З. од селото Копанце се здобиле со тешки повреди додека работеле на кран.
Засега не се познати околностите во коишто се случила несреќата. Повредените се пренесени во тетовската болница, но поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Полицијата работи на откривање на причините за несреќата. Фабриката „Југохром Фероалојс“ од тетовско Јегуновце работи со производство на феролегури./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.