Топ
Македонец извлечен мртов од морето во Дубровник
Тело на 30-годишен државјанин на Македонија вчера попладне било извлечено од морето во Дубровник, на подрачјето на Бониново. Хрватските медиуми јавуваат дека најверојатно момчето се удавило.
Полицијата соопштила дека околу 13 часот од морето било извлечено мртво тело, а со идентификацијата е утврдено дека станува збор за 30-годишен државјанин на Македонија со постојан престој во Дубровник.
Засега нема повеќе информации за несреќата. Неофицијално момчето паднало во морето и не можело да излезе, а откако било извлечено давало знаци на живот, но за кусо време починало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Tаравари колабирал и бил пренесен во болница
Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев удар.
Таравари утрово раскажа дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.
„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги сè уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, рече Таравари.
Се заблагодари за грижата и добрината на граѓаните.
Македонија
Една година од убиството на Вања
Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Во тек е судскиот процес, кој треба да даде одговори на клучното прашање зошто девојчето беше убиено, и кој сè стои зад злосторството што ја вознемири јавноста.
Првообвинет за убиство и грабнувањето е Љупчо Палевски-Палчо, а на обвинителската клупа седат и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видоевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.
Според обвинението, Вања беше киднапирана на 27 ноември 2023 година од влезот на зградата во која живее, а потоа беше убиена.
Во обвинението се наведува дека на 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски-Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице.
Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри, кој минувал низ вратот до четвртиот прешлен.
Обвинителите пред два дена соопштија дека имаат материјални докази оти Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски.
На рочиштето завчера обвинетиот Влатко Кешишев го повлече својот писмен исказ доставен минатата недела. Според неговите тврдења, тој бил принуден од првообвинетиот Љупчо Палевски да ја напише изјавата.
„Тоа не беше моја изјава. Ми беше даден текст од Палевски, кој побара да го напишам со свој ракопис. Тоа го сторив бидејќи се плашев од него“, рече Кешишев пред судот.
Во претходната изјава, сега повлечена, беше наведено дека Љупчо Палевски не бил присутен во времето кога се случило убиството на Вања.
Македонија
„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?
„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина!“, велат од ВЛЕН.
„Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти! Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола Груевски.
Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа што ја водиш само за да го вратиш пријателот Греувски во Скопје.
Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. A одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али Ахмети.
ВЛЕН продолжува јавно да ги прашува ДУИ и Али Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски? Што ве спојува? Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава?
Али, немој да се двоумите и не се плаши бидејќи немате што повеќе да изгубите!“, соопшти ВЛЕН.