Спорт
Баерн моќен во Менхенгладбах (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен, во Менхенгладбах ја декласираа Борусија 5:1 на првата позиција, на табелата во Бундеслигата се израмнија со Борусија Дортмунд.
Баварците силно мотивирани по вчерашниот кикс на Дортмунд против Аугсбург, победата ја најавија во првите 11 минути од натпреварот.
По само 120 секунди игра првиот гол го постигна Хави Мартинез, а во 11 минута предноста на Баерн ја дуплираше Томас Милер. До крајот на полувремето домаќините го намалија резултатот преку Ларс Штиндл.
Почетокот на вториот дел донесе нов кошмар за Борусија. Роберт Левандовски им ја врати на Баварците од два гола. Во последните 15 Серж Гнабри зголеми на 4.1, а конечните 5:1 ги постави Левандовски со својот втор гол.
На табелата Баерн и Дортмунд имаат по 54 бода и до крајот ќе водат голема борба за титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заедно со Премиер лигата, уште една официјално го освои петтото место во Лигата на шампионите

Сега е официјално – Ла Лига доби петти учесник во Лигата на шампионите.
По резултатите од оваа недела, Шпанците ја потврдија својата доминација во сите натпреварувања и ќе имаат пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Во четвртокот, Атлетик Билбао во Лигата на Европа и Бетис во Конференциската лига се пласираа во полуфиналето, а претходно Барселона обезбеди борба за финалето во Лигата на шампионите.
Како што стојат работите на табелата, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе бидат во Лигата на шампионите, додека Виљареал со 51 бод и Бетис, кој има три помалку, ќе се борат за петтото место.
Пред Ла Лига, Премиер лигата обезбедуваше пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Битката е многу пожестока таму, бидејќи разликата помеѓу третопласираниот Њукасл и седмопласираната Астон Вила е само пет бода, а помеѓу нив се Нотингем Форест, Манчестер Сити и Челзи.
Спорт
Аморим е јасен: Фокусот е на Лига Европа

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот камбек против Лион.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 2:0, па губеа со 2:4 на само шест минути до крајот на продолжението, а потоа го направија еден од најголемите пресврти и стигнаа до 5:4.
Многу работи беа чудесни во пресвртот на Јунајтед, но многу работи ќе треба да се поправат за повеќе да не се соочуваат со ситуација да примат два гола со играч повеќе на теренот. За тоа е свесен и Рубен Аморим.
Тренерот на англискиот клуб како прва цел до крајот на сезоната ја спомена Лигата на Европа.
„Освојувањето на ова натпреварување би било единствениот билет за Манчестер Јунајтед за Европа следната година: „Мораме да ризикуваме со децата во Премиер лигата, мора да се фокусираме на Лига Европа“, изјави Аморим.
Јунајтед одамна ги загуби сите шанси да дојде до добра позиција во Премиер лигата за Европа, а Атлетик Билбао ќе им застане на патот во полуфиналето на Лига Европа.
Спорт
Санчез е блиску до враќање во татковината
Алексис Санчез ја заокружи европската приказна во својата кариера со враќањето во Удинезе, а се чини дека неговата бајка ќе има уште еден убав момент, можеби и последен во кариерата.
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона го започна своето европско патување во Удинезе, каде што игра и денес. Сепак, тој би можел да го напушти тимот од северот на Италија по истекот на договорот со тимот од Удине и да се врати во Чиле.
Договорот на Санчез со италијанскиот тим трае до летото 2026 година, кога треба да се раздели и со Удинезе. Т
Санчез многу рано си замина од Чиле, а немаше можност да игра за првиот тим на клубот за кој навива Универсидад. Сега, се чини, ќе ја има таа можност.
Од чилеанскиот клуб сериозно се распрашуваат за Санчез, но не се единствените заинтересирани. Наводно интерес за неговите услуги покажава и Ривер кој би сакал да го вклучи во составот, сега останува на Санчез што ќе избере.