Црна хроника
Казнети 146 возачи – возеле пребрзо
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 146 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 126 возачи од кои: 57 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и 18 возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 48 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани, пет возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 271 мандатни платни налози и 167 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

